Што во слободно време? Погледнете ТВ-серија All Her Fault

Што во слободно време? Погледнете ТВ-серија All Her Fault

Мариса Ирвајн е успешна жена, менаџерка на финансии, мајка која се справува со брзиот ритам на современиот живот. На прв поглед, нејзиниот живот, семејство и кариера – се е на место. Но, една обична ситуација ќе го претвори нејзиното секојдневие во кошмар.

Брзајќи да го земе својот син од куќата на неговото другарче, на врата се среќава со жена која ја гледа првпат во животот, а од нејзиниот син нема ни трага ни глас. Во паниката што следи, Мариса се соочува со лавина од сомнежни, тајни и лаги. Сите околу неа, па дури и сопругот, стануваат потенцијални осомничени.