Месечен хороскоп мај – јуни 2026

Месечен хороскоп мај – јуни 2026

НАПРЕДУВАЊЕ КАЈ ЛАВОТ, ПОДОБРУВАЊЕ ЗА ВАГАТА

Овен (21.3-19.4)

Согледајте ги проблемите што подолго време ве измачуваат. Со бегство од стварноста и со потиснување на желбите, ништо позитивно нема да направите. Време е да им се противставите на непријатностите и храбро да тргнете кон новите предизвици. Во доменот на љубовта расчистете со бесперспективната и непродуктивна релација.

Бик (20.4-20.5)

Премногу се оптоварувате со работи што не заслужуваат големо внимание. Имате впечаток дека во вашата непосредна околина постојат лица кои на секаков начин се обидуваат да ви напакостат и да ви го оневозможат напредувањето. Ви се препорачува да не подлегнувате на провокации и да бидете трпеливи.

Близнаци (21.5-20.6)

На професионален план бидете подготвени за соочување со разни искушенија и недоразбирања. Внимавајте на односите во семејната атмосфера, зашто недоразбирањата ќе бидат присутни и ќе ви предизвикаат напнатост и несигурност. Ако имате отидете на гости кај пријателите или преземете кратко патување. Не ризикувајте на полето на финансиите.

Рак (21.6-22.7)

Бидете мудри и внимателни при воспоставувањето на комуникацијата, бидејќи честопати ви се случува наивно да наседнете на туѓите ветувања. Најдобро е да се потпрете на интуицијата, односно да не брзате при прифаќањето на советите. Ѝ најмалата грешка може скапо да ве чини. Обидете се да ја подобрите финансиската состојба и да патувате.

Лав (23.7-22.8)

Не анализирајте премногу, туку остварете ги целите. Не се знае кога повторно ќе ви се отвори можност за напредок и за реализирање на желбите. Треба  храбро да дејствувате и да отворите нова поперспективна патека во сите сфери од животот. Овој период е добар за патување.

Девица (23.8-22.9)

Потсвесната оптовареност и стравот од соочувањето со иднината ќе го оптоварат вашиот организам и ќе ви пробудат потреба за мир и изолација.  Затоа, од пресудна важност е на објективен начин да ги согледате ограничувачките фактори и да се обидете да го задржите мирот во длабочината на својата душа.

Вага (23.9-22.10)

Соочете се со сопствените слабости, направете план што ќе ви помогне при справувањето со проблемите и не влегувајте во ризични ситуации. Ѕвездите ве советуваат да не ги идеализирате и да се оптоварувате  поради некои лица, туку да ги утврдите приоритетите и да се заштитите од негативностите. Здравствената состојба постепено ќе ви се подобрува.

Скорпија (23.10-21.11)

Доволно се оптоварувавте со неважни нешта и ја пасивизиравте енергијата. Бидете решителни и храбри во дејствувањето и покажете дека умеете да ги препознаете вистинските вредности. На професионален план не очекувајте големи промени и подобрување на околностите, така што избегнувајте ги ризиците.

Стрелец (22.10-21.11)

Околностите во животот почнуваат да ви се подобруваат и да ви создаваат нова мотивација. Тоа е гаранција дека ќе тргнете храбро кон целта и ќе изградите хармонични односи во љубовната и професионална сфера на интерес. Затоа, дејствувајте и покажете ги вредностите. Контактирајте со лица кои се поврзани со странство или преземете далечно патување.

Јарец (22.12-19.1)

Размислувањето исполнето со меланхолија и страв не може да ви донесе хармонични резултати. Без оптимизам и решителност во настапот постојано ќе стагнирате и ќе ги намалите потенцијалите за напредување. Елиминирајте ги слабостите на психофизичко поле и храбро насочете се кон мигот на сегашноста.

Водолија (20.1-18.2)

Храбро искажете ги своите вредностите, зашто имате потенцијал за големо напредување. Не треба да се грижите за впечатокот што ќе го оставите во јавноста, бидејќи со природниот шарм и заводливото однесување мошне лесно ќе ги освојувате другите лица. Внимавајте на финансиски план и размислете пред да склучите ризичен договор поврзан со недвижности.

Риби (19.2-20.3)

Постојаната променливост во однесувањето ќе ви создаде проблеми на емоционален план и ќе ви ги затвори предиспозициите за хармонизирање на состојбата со блиските. Ако не сакате изолацијата и неизвесноста тотално да завладеат со вашата личност, неопходно е да ги елиминирате слабостите и да престанете да ја обвинувате судбината за сé што ви се случува во животот.

д-р Зоран Крстевски
едукатор, мотиватор и тренер за личен развој