Што во слободно време? Love Story – ТВ-серија

Што во слободно време? Love Story – ТВ-серија

Серијата Love Story ја раскажува вистинската, гламурозна, но и трагична љубовна приказна на Џон Ф. Кенеди Џуниор и Каролин Бесет-Кенеди, еден од најпознатите парови во 90-тите години.

Нивната врска започнува како бајка под будното око на медиумите, но славата, притисокот од јавноста и животот под рефлектори носат предизвици што постепено ја менуваат нивната љубов. Серијата прикажува како изгледа кога љубовта се случува во свет каде што ништо не е приватно, а секој чекор е вест на насловна страница.