Што во слободно време? Hoppers – АНИМИРАН ФИЛМ

Што во слободно време? Hoppers – АНИМИРАН ФИЛМ

Анимираниот филм Hoppers носи оригинална и забавна приказна за девојка по име Мејбел, голем љубител на животни, која користи нова технологија што ѝ овозможува да ја пренесе својата свест во робот-животно и да комуницира со животните како да е едно од нив.

Таа влегува во нивниот свет и открива дека нивното живеалиште е во опасност, па заедно со нив започнува авантура за да ја спаси природата. Филмот е полн со хумор, авантура и силна порака за пријателството, емпатијата и заштитата на природата.