Алое Вера во секој дом

Алое Вера во секој дом

Совети за одлгедување

Алое вера е растение што заслужува место во секој дом, бидејќи е многу повеќе од саксиска декорација. Гелот во дебелите сочни листови има силно лековито и смирувачко дејство.

Надалеку е познато дека алое гелот ги ублажува изгорениците од сонце, помага во заздравување на раните и акните по кожата, го намалува шеќерот во крвта, ја подобрува дигестијата, а поновите студии сугерираат дека има потенцијал да го забави растот на рак на дојка.

Изворот на вечна младост на старите Египќани сѐ уште ги фасцинира научниците кои веруваат дека алоето има уште многу придобивки кои чекаат да бидат отклучени.

Како да го одгледувате во домашни услови?odgleduvanje aloe vera

Најдобро е да засадите алое вера во саксија, бидејќи така ќе ви биде најлесно да го заштитите растението во студените месеци од годината.

Во затворен простор, поставете го растението до силна светлина, но во постудена просторија.

Во летните месеци, воглавно нека седи на сенка, но наутро дозволете му да се милува со сонцето.

Алое верата не е толерантна на студ и лесно може да замрзне. Штом ноќите почнат да заладуваат наесен, неопходно е растението да го приберете внатре.

Запомнете, и надвор и внатре на алоето му се потребни од 8 до 10 часа индиректна светлина. Идеални температурни услови за алое верата се од 25 до 10 степени целзиусови.

Почва

Почвата во која расте алое верата треба да биде комбинација од земја, песок и чакал. Речниот песок е најблиску до природната почва во која расте алоето, но ако не сте во можност да го обезбедите, засадете го во почва за одгледување кактус. Напролет, алоето се храни со ѓубриво богато со фосфор, минерал што ќе му помогне на растението да почне да цвета.

Наводнување Алое вера

Погрижете се саксијата да има доволно големи отвори на дното, за вишокот вода да се исцеди од почвата. Алоето преферира посува почва и при вишок вода коренот почнува да гние.

Листовите на алоето се дизајнирани да ја задржуваат влагата и да го одржуваат растението во живот во долгите сушни периоди. Алоето е многу толерантно на сушни услови и затоа треба да бидете особено внимателни при наводнувањето.

Оставете почвата целосно да се исуши пред одново да го наводните. Кога го полевате, правете го го тоа рамномерно по целата површина на саксијата, бидејќи така најлесно растението ќе се ослободи од вишокот вода. Во просек, треба да помине речиси цела недела пред одново да го наводните. Во зима, цел месец може да преживее без вода.