Детокс на кожа

Детокс на кожа

Број еден метод за нега при високо загадување

Кога кожата на лицето делува безживотно, причинителот е еден: пренатрупани пори со нечистотии и токсини. Во тој случај кожата е дехидрирана, а сепак масна, груба на допир, а тенот сивкав. Решението?

Детоксикација!

Организмот е постојано изложен на загадување од надворешната средина, особено во зимскиот период. Метаболизмот согорува и обработува материи богати со штетни материи и токсини што мора некако да се исфрлат. Во спротивно, таканаречените слободни радикали ќе ги нападнат здравите клетки, а тоа поттикнува воспаление. Сето ова важи и за клетките во кожата!

Клучот при секоја детоксикација се антиоксидантите. Тие се најсилното оружје со кое клетките во кожата можат да се изборат со слободните радикали. Ако кожата секојдневно добива висока доза антиоксиданти, таа ќе блесне во полн сјај.

Козметичката верзија на детоксикација вклучува користење производи (најмалку три) кои се богати со антиоксиданти и кои би помогнале во уништување на слободните радикали. Ослободувањето на порите е секогаш паметен чекор при детоксикација, бидејќи чистите пори ја олеснуваат апсорпцијата на хранливите активни состојки од кремите или серумите за нега.

Екстрактот од еукалиптус длабински ја чисти кожата отворајќи ги порите и давајќи ѝ здрав сјај.

Ресвератролот е уште еден моќен антиоксидант кој се бори со штетните ПМ честички во загадената кожа. Покрај производот за чистење на лицето, ноќниот крем на база на ресвератрол е од есенцијална важност бидејќи влијае врз кожата кога таа е во состојба на регенерација.

Секако дека она што го консумирате исто така има ефект врз здравјето на кожата. Имајте на ум дека кожата е последниот орган до кој ќе стигнат хранливите состојки, вклучувајќи ги и антиоксидантите. На патот до кожата тука се поважните органи како срцето, белите дробови, мозокот, а телото е доволно паметно да постави приоритети. Затоа, за да постигнете видлив ефект преку храната, неопходно е да сте доследни подолг временски период.

Во оваа смисла, добро е секојдневно да пиете зелен чај. Испитувањата кои се прават за да се утврди делотворноста на зелениот чај се однесуваат на неговото инхибиторно дејство на растот и развојот на канцерогените клетки кои настануваат под дејство на слободните радикали. Висока концентрација на минерали и олигоелементи содржи и зелената глина која помага во лекување на голем спектар кожни заболувања како акни, мозолки, чиреви, рани и исекотини. Можете да ја користите и како природен третман против брчки, за освежување и темелно прочистување на кожата. Можете да ја консумирате или да ја нанесувате надворешно.

Витамините А, Ц и Е присутни во зеленчукот и овошјето како што се спанаќ, кељ, јагоди, цитруси и авокадо, се познати по својата способност да ја одржуваат кожата здрава и свежа.

Тука се и масните киселини од рибите како лосос, сардини и туна кои содржат висока доза омега-3. Омега-3 масните киселини делуваат антивоспалително и на тој начин го задржуваат квалитетот на кожата.

Никогаш не заборавајте на хидратацијата.

Водата е есенцијална за здрава кожа, па пијте ја во име на убавината иако е студено и не ви се пие.
Иако храната може да игра важна улога во детоксикацијата на кожата, имајте предвид дека не постојат магични хранливи состојки кои ќе ја трансформираат кожата преку ноќ. Можеби уште поважно во делот храна е да внимавате што да НЕ ВНЕСУВАТЕ. Намирниците како мајонез, млеко и шеќер ги поттикнуваат воспалителните процеси на кожата од кои таа тешко се опоравува.

Детоксикацијата преку исхраната и детоксикацијата на кожата и не се толку различни. Идеално сценарио за да се отстранат слободните радикали е внатрешно-надворешниот пристап. Бомбардирање на организмот со антиоксиданти и преку исхраната и преку козметиката.

Комбинирајќи здрава и разновидна исхрана придружена со правилна нега на кожата води до подобрување на нејзиниот изглед и здравје.

maska od jaglen i glina

Маска од јаглен и глина

Состојки:

  • 1 јагленче (измелено во прав)
  • 1 белка од јајце
  • 1 лажичка зелена глина
  • неколку капки масло од лаванда и рузмарин

Упатство за употреба:

Во сува чинија помешајте го јагленот со глината и белката од јајце. Во смесата капнете од етеричните масла, бидејќи не само што мирисаат убаво, туку се и одличен антисептик.

Рамномерно нанесете ја маската на лицето, избегнувајте го делот околу очите и устата. Оставете ја маската да делува 10-15 минути додека не се исуши. Исплакнете го лицето со млака вода.

Оваа маска е одлична за длабинско чистење на порите и отстранување на токсините и заробените масти. Глината и јагленот се признати темелни чистачи, додека белката од јајце чисти и затегнува.

После маската, задолжително нанесете хранлив крем за лице.

Запомнете, пред да ја нанесете маската за лице, тестирајте ја на мала површина на кожата за да ја испитате нејзината толерантност на состојките.