Повеќенаменска состојка за нега на лица
Посакувате да ја поедноставите рутината за нега на кожа? Наместо пет да користите само еден производ кој ги обезбедува сите придобивки за кожата? Во тој случај, неопходен ви е серум или крем со гликолна киселинна. Оваа чудесна состојка е моќна да ги поправи сите несовршеностите на кожата, од брчки па се до акни.
Што е всушност гликолна киселина?
Гликолната киселина е алфа-хидрокси киселина (АХА), органска молекула која содржи јаглерод. Природно, оваа молекула се наоѓа во шеќерната трска и во овошјето. Гликолната киселина ги разградува врските помеѓу кератиноцитите (клетки на кожата) присутни во надворешниот слој на кожата без да треба да се применат груби, механички техники за ексолијација. Таа поттикнува природен пилинг и на тој начин го забрзува обновувањето на клетките со цел да донесе посвежи и помлади клетки на површината.
Кои се придобивките од гликолната киселина?
Оваа суперѕвезда за нега на кожата има долга листа придобивки:
Ги намалува фините линии и брчките Гликолната киселина, во концетрации што може да се најдат во производите за нега на кожа, ги намалува симптомите на фотостареење. Една клиничка студија покажува дека формулата со 8% гликолна киселина поттикнала значително подобрување на целокупната фотооштетена кожа. Испитаниците забележале дека формулата значително ги пополнила фините линии по 22 недели употреба.
Ги минимизира порите Преку отстранување на мртвите клетки и нечистотиите од кожата, гликолната киселина ги ослободува порите, па тие визуелно делуваат потесни. Иако ништо не може да влијае на големината на порите, кога ти се чисти и не се затнати со маснотии и мртва кожа, изгледааат помали. Гликолната киселина ги распаѓа врските што ги држат клетките заедно и на тој начин ги отстранува мртвите клетки од кожата.
Помага во борбата против акни Бидејќи поттикнува ексфолијација на мртвиот слој кожа на површината, гликолната киселина спречува старата, мртва кожа да се измеша со себум и да се формираат акни.
Го изедначува тенот Статистиките покажуваат дека гликолната киселина ја подобрува дисколорацијата и текстурата на кожата за 5 % во споредба со плацебо.
Уште еден бонус: Гликолната киселина е безбедна за употреба на тазе мајките. Бидејќи одредени состојки за убавина, како што се БХА и ретинол, треба да се избегнуваат за време на бременоста и доењето, гликолната киселина е спас за жените во овој период.
Најдобар начин за употреба на гликолната киселина
Гликолната киселина може да се најде во сите видови производи за нега на кожа, од средства за миење и чистење па сè до креми за нега и медицински хемиски пилинзи. Без оглед на производот што ќе го изберете, ќе осетите придобивки од секој процент од концентрацијата на гликолната киселина. Гликолната киселина делува секогаш кога ја користите и делува веднаш. За домашна употреба, дерматолозите советуваат да се користат производи со максимална концентрација од 10 %. Повисока концентрација на гликолна киселина може да употреби само дерматолог.
Несакани ефекти од гликолната киселина
Луѓето обично не се соочуваат со несакани ефекти од употребата на гликолна киселина, но за оние со сува или чувствителна кожа постои мал ризик од иритација. Ако гликолната киселина во производот е застапена со ниска концентрација, може да се користи секојдневно. Додека медицински пилинг на база на гликолна киселина, кожата може да поднесе само еднаш месечно.
Најлошите несакани ефекти од гликолната киселина се случуваат при невнимателна употреба, кога процентот е висок. Гликолната киселина е моќна активна состојка која може да предизвика изгореници и лузни доколку не се користи според упатството.
Прекумерно црвенило, продолжено чувство на печење на кожата, промена на тенот во сиво-бел или во најлош случај меурчиња на кожата, се симптоми за можна опасност од трајни лузни.
Дополнително, луѓето со потемна кожа треба да бидат свесни дека прекумерната употреба на гликолна киселина може да доведе до хиперпигментација, што е спротивно од она за што повеќето луѓе ја користат состојката.
Луѓето со потемна кожа имаат поголем процент на меланин во кожата и малите иритации како црвенило и лупење можат да предизвикаат воспалителен процес што води до хиперпигментација.
Ако сте загрижени од ваков можен исход, постепено воведете ја состојката во негата, исто како ретинол. Почнете со низок процент еднаш до двапати неделно, па ако кожата ја прифати состојката зголемете ја употребата на секоја втора ноќ.
Кои состојки не се комбинираат со гликолна киселина?
Гликолна киселина не се користи истовремено со салицилна киселина, витамин Ц, ретинол или бензоил пероксид, бидејќи тоа носи ризик од иритација. Наведените состојки може да ги користите во други денови, но не во исто време, во ист ден.
Многу е важно да преземете дополнителни мерки за заштита на кожата од сонцето секогаш кога користите гликолна киселина, па и која било друга киселина или ретинол. Гликолната киселина, заедно со другите АХА, ја зголемуваат чувствителноста на кожата од штетните УВ-зраци. Затоа, најдобро е да нанесувате гликолна киселина навечер, а наутро да нанесте крем со СПФ 30 или 50.