Кога се прифаќате себеси, вие станувате слободни да бидете целосно свои, а нема поголем благослов од тоа!
- Истражувањата покажуваат дека себеприфаќањето е фундамент на целокупното ментално здравје и добросостојба.
- Постои директна конекција помеѓу ниското ниво на себеприфаќање и менталните болести.
- Преку себеприфаќањето човекот полесно ги контролира своите емоции и го зголемува својот капацитет да биде среќен, бидејќи ќе научи како да си ги прости грешките.
- Кога човекот не се прифаќа себеси во целост, тој како да живее во лага, како постојано да игра криенка, па се цензурира себеси и го потиснува своето вистинско „јас“, а тоа сериозно многу истоштува.
- Себеприфаќањето му помага на човекот да се претстави себеси во автентично светло без да води сметка што мислат другите за него.
Поставете цели
Наведете неколку реални цели за себе и направете план да ги исполните (и ова ќе ви помогне да ја зголемите самодовербата). Не заборавајте да се наградите себеси штом исполните некоја цел.
Славете ги вашите достигнувања
Направете листа на се што сте постигнале и редовно допишувајте ги новите подвизи. Ставете ја листата на некое видно место за редовно да ја гледате. Бидете горди на себеси!
Планирајте однапред
Колку што е можно, избегнувајте ги ситуациите и/или луѓето кои го загрозуваат вашето себеприфаќање. Меморирајте неколку мисли што ќе ви служат како водилка, а најмногу ќе ве одвлекуваат од помислата да се сомневате во својата вредност.
размислувајте позитивно
Запомнете, со себеси однесувајте се со почит и потрудете се негативните мисли и критицизмот да ги претворите во позитивни мисли. Не бидете престроги кон себе и не споредувајте се со другите.
бидете љубезни кон себе
Смислете неколку специјални третмани за себе со цел да поминете квалитетно време насамо, со своите мисли (на пример, подгответе си топла купка или појдете на прошетка во природа). Многу е важно да се грижите за себе така што ќе се храните здраво, ќе спиете доволно и редовно ќе вежбате.
Вклучете се
Волонтирајте, појдете на некој курс, побарајте втор ангажман со половина работно време, обидете се со каква било кативност после работа за подобро да се запозаете себеси, да сфатите во што уживате и во што сте најдобри.
Побарајте поддршка
Секогаш кога можете споделувајте ги своите емоции со луѓето на кои им верувате, како пријателите и семејството. (Штом соберете храброст, прашајте ги што е она што им се допаѓа кај вас.)