Пржени на око, кајгана, варени, поширани – јајцата се супер опција за било кој оброк во денот, особено ако немате време за готвење. Хранливи се и вкусни се! Велигден ќе донесе многу јајца на трпезата, но ако ви здодее од мимоза салатата, еве неколку предлози со екстра бенефити.
Најдобри за МОЗОКОТ
Кајгана и чаден лосос на тост
Лососот изобилува со омега-3 масни киселини кои се одлични за фокус и концентрација. Јајцата пак содржат холин – хранлива материја која ја поттикнува меморијата и когнитивните способности. Со оваа комбинација од протеини, здрави масти, јаглехидрати, мозокот ќе биде сит и остар.
*Кајгана од 2 јајца пржени на путер, 1 парче чаден лосос, 1 парче тост – 18 гр масти 29 гр протеини 349 калории
Најдобри за МУСКУЛИТЕ
Омлет од блеки
Речиси 60% од протеините што ги содржат јајцата доаѓаат од белките. Поголемиот процент масти се присутни во жолчките. Затоа, омлетот од белки важи за оброк со малку масти кој е одличен за обновување на мускулите после вежбање. За плус протеини, додадете во омлетот печурки. Можете да вклучите и домати бидејќи содржат антиоксиданти и спанаќ богат со железо, па вашиот фитнес перформанс ќе биде на незавидно ниво.
4 белки од јајце, една рака печурки, домати и спанаќ – 5 гр масти 21 гр протеини 140 калории
Најдобри за МАМУРЛАК
Сендвич со пржени јајца и сланина
Не треба да чувствувате вина поради обилниот калориски појадок, а уште помалку да стравувате дека ќе ви стане полошо. Нутриционистите се едногласни дека ваквиот оброк е одличен за црниот дроб кој е прв на удар на алкохолот. Јајцата се богати со цистеин, аминокиселина што го регенерира црниот дроб. Во комбинација со протеините од сланината и енергијата од Б витамините присутни во лебот со цело зрно (набавете таков) и вашето опоравување ќе заврши до пладне.
2 пржени јајца на маслиново масло, 2 парчиња леб од цело зрно, 2 потпржени ленти сланина – 23 гр масти 26 гр протеини 416 калории
Најдобри за ДИЕТА
Варени јајца и лепче со путер
Јајцата се одличен извор на протеини, антиоксиданти и витамин Д. Варените јајца се најбрзиот и најлесен начин да дојдете до овие состојки и истовремено се најнискокалорична опција. Ако сакате да го прескокнете лебот, тогаш едноставно направете си салата од толчено јајце и половина авокадо зачинети со малку сол и ладно цедено маслиново масло.
2 јајца и парче леб од цело зрно со путер – 13гр масти 16гр протеини 242 калории