Oстровот на орхидеите и на маслинките
Идеална велигденска дестинација! – ова некако да се означи, на пример како крукчето во рецептите
Велигденската прослава на Крф е една од најимпресивните и најколоритни свечености во светот. Церемонијата започнува во 9:00 часот со изнесување на моштите на Свети Спиридон чудотворецот, кој е заштитник на островот.
Илјадниците луѓе, обединети под нежната музика, ја дочекуваат поворката фрлајќи свежо цвеќе пред моштите на светецот. Во 11:00 часот жителите на островот го започнуваат ритуалот на истерување на лошите демони од домовите, фрлајќи глинени садови од прозорите и од терасите, на улиците и на плоштадите.
Во овој период од денот не е мудро да се движите под слатките колоритни тераси кои традиционално се украсени со многу цвеќе, но задолжително погрижете се да земете парче од скршените глинени садови. Според обичајот, треба да го чувате парчето до следниот Велигден за да бидете здрави и среќни.
Половина час пред полноќ, во црквата „Света Параскева“ (се наоѓа во центарот на градот) започнува свечената велигденска литургија. Луѓето со запалени свеќи го чекаат Христовото воскресение.
Точно на полноќ започнува спектакуларен огномет, кој ја симболизира победата над мракот и чудото што ја претвора ноќта во ден. Во тој момент блеснува крстот на тврдината, а музичките оркестри го најавуваат воскресението со свечен марш.
Појдете на Крф во мај ако сте во потрага по:
- Убаво сончево време
- Незаборавна велигденска прослава
- Вкусни специјалитети
- Место за шопинг
Задолжително понесете со себе
Костим за капење Преубавите песочни плажи и кристално чистата вода несомнено ќе ве повикаат во прегратка. Јонското Море во мај е одлично за оние кои сакаат постудено капење и пријатна клима наместо високи температури.
Рамни чевли За да стасате да видите сѐ без да ве болат нозе. Појдете до палатата Ахилион, омилената летна резиденција на австриската принцеза Елизабета, која е позната по своите прекрасни градини и тераси украсени со скулптури. Посетете ја Старата и Новата тврдина, заливот Канони со Понтихониси (Островот на глувците), попатните обележја на градот и многубројните цркви.
Камера За да ја снимите атмосферата што ќе ја доживеете во некоја од таверните. Велигденското расположение трае до раните утрински часови. Грчки специјалитети, музика и по некоја скршена чинија.
Не одете си дома без…
Да го пробате слаткото или Ком куат ликер направен од минијатурни јапонски портокали кои вегетираат на островот. На враќање дома, можете да ја посетите фабриката за слатко и да си купите некоја тегла за дома.