Малдивите на Саленто

Малдивите на Саленто

Италијански рај за доцен одмор

Кога ќе помислите на Малдиви, најверојатно замислувате егзотично море, бел песок и тиркизна вода. Но, што ако ви кажеме дека постои сличен рај многу поблиску од Индискиот Океан?

Maldive del Salento е романтичен прекар за дел од крајбрежјето кај Marina di Pescoluse, мало туристичко место во општината Salve, на најјужниот дел од регионот Апулија (Puglia).
Се протега на околу 7 километри меѓу Torre Pali и Torre Vado, на јонското крајбрежје, само неколку километри од најјужната точка на „италијанската пета“.

Што го прави посебен?

Ситен бел песок, плитка и кристално чиста тиркизна вода, песочни дини и борови шумички кои ја чуваат автентичната природа. Бидејќи многу потсетува на Малдивите, оттаму и името, само што тука доминира италијански шарм.
Тука има уредени клубови на плажа како Le Maldive del Salento или Le Cinque Vele, каде можете да изнајмите лежалка и чадор, да пиете кафе со поглед на море или да ручате свежа риба под сенка.

Salento

Зошто е совршен избор за доцен одмор?

Во лето, оваа рајска плажа е полна со туристи од цела Италија и Европа. За вистински да ја доживеете, многу е подобро да ја посетите во септември или почетокот на октомври, бидејќи времето сè уште е топло (просек 22–27°C во септември, 18–24°C во октомври), морето е пријатно за капење, а цените поевтини за сместување.

Што плус да посетите?

1. Истражете го Лече, барокниот бисер кој често го нарекуваат „Фиренца на југот“.
2. Направете винска тура низ лозјата и нивите со маслинки.
3. Посетете мали рибарски села и пробајте свежа морска храна, паста со ракчиња и препознатливото апулиско маслиново масло.
4. Задолжително пробајте pasticiotto – локално слатко полнето со крем.
5. Изнајмете велосипед и истражете ги руралните патчиња или резервирајте бротче за да откриете скриени заливи.

Maldive del Salento е вистинска доказ дека не мора да летате до другиот крај на светот за да уживате во ситен песок  и топло море. Сè што ви треба е мала доза авантура, љубов кон Италија и план за доцен одмор кој ќе ви ги наполни душата и фотоапаратот!

Salento