Потенцирани веѓи, затемнети свиткани трепки што ќе дречат под секој агол, испеглани подочници и мазен, сув тен – ова се неколкуте чекори што треба да ги изведете
Истакнете ги веѓите
Големите очила може да ги скријат веѓите. За да ги истакнете обојте ги со молив за веѓи. Ако не растат, а по природа се тенки, во комбинација со моливот користете кафена сенка за очи. Така ќе бидете попрецизни и ќе добиете максимално природен ефект.
Користете мат-пудра
Спречете рамките да се лизгаат на носот така што ќе нанесете пудра што ја апсорбира маснотијата од лицето. Мат-пудрата се фиксира, но истовремено ќе ве одржи свежи преку целиот ден.
Маскирајте ги подочниците
Квалитетниот коректор ќе ги избрише темните сенки под очите кои диоптерот и онака ги зголемува.
Не прескокнувајте ја маскарата
Виткајте ги трепките за да не се удираат во стаклата. Користете формула што ги фиксира трепките и ги заклучува аглите.
Пронаоѓач за рамки
Симнете ја апликацијата glasses.com, со неа ќе можете да пробате безброј видови рамки и да сфатите што најдобро ви стои со и без шминка. Бесплатна за iPhone и Android.