Оптимизам кај Овните, напредок за Вагите
Овен (21.03 – 19.04)
Околностите во кои се најдовте сфатете ги како игра на судбината и како мигови на искушение. Тие ве ставаат пред навидум неразрешливи ситуации, но секогаш успевате да се извлечете и да го фатите позитивниот правец на животот. Продолжете оптимистички да дејствувате, дистанцирајте се од незадоволните и фрустрирани поединци и сочувајте ги своите емоции.
Бик (20.04 – 20.05)
Наместо да исчекувате што другите ќе кажат и да ја пасивизирате силата, најдобро е да ги преземете работите во своите раце и да го иницирате чекорот што ќе ве одведе кон трансформацијата и регенерацијата. Отворете се за искушенијата, не стравувајте од непознатото и надминете ја кризата што подолго време ја следи вашата личност.
Близнаци (21.05 – 20.06)
Негативните состојби што ве оптоваруваат на емотивен план нема лесно и брзо да се разрешат, ако нé почнете да размислувате оптимистички и да иницирате промени во своето живеење. Поседувате голема способност за трансформација, така што не водете борба со другите, туку дадете им предност на афирмацијата и позитивната енергија.
Рак (21.06 – 22.07)
Ако и понатаму размислувате песимистички и верувате дека не постојат можности за пронаоѓање излез од психофизичкиот лавиринт, тогаш не очекувајте подобрување и надминување на проблемите. Сепак, ѕвездите укажуваат дека со разумно и дисциплинирано однесување ќе успеете да ги подобрите перспективите.
Лав (23.07 – 22.08)
Полека, но сигурно почнувате да ги елиминирате ограничувачките фактори кои доминираа во претходниот период, така што не треба да ве зафаќаат меланхолијата и песимизмот, бидејќи ви претстојат одлични остварувања во сите сфери на животот. Отворете се за љубовта, бидете креативни во работата и почесто престојувајте во природа.
Девица (23.08 – 22.09)
Околностите во животот никако да ви се подобрат, така што е неопходно да размислите за причините што ве доведоа во незавидна ситуација. Ако и понатаму безглаво итате кон целта, тогаш не очекувајте стабилизација и хармонична перспектива. Преиспитајте ја комуникацијата со другите и обидете се да го промените односот кон искушенијата.
Вага (23.09 – 22.10)
Некои нешта ќе почнат да се движат кон позитивната насока, така што преземете активности што ќе ви овозможат напредок. Посебно ви се препорачува да ги стабилизирате односите во семејството, да бидете поодговорни, трпеливи и да покажете дека умеете да се грижите за блиските. Добро е ако преземете патување.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Напредувајте на духовен план, односно не дозволувајте ниските страсти и непродуктивните надворешни влијанија да ве доведат во непријатна ситуација. Ризичните активности можат катастрофално да се одразат врз вашата психофизичка состојба. Затоа, памет во глава и сочувајте ги мирот и позитивната енергија.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Доколку и во периодот што следи владеат неизвесноста и ограничувањата, тогаш успехот и хармонијата повторно ќе ве заобиколат и ќе ве направат жртва во односот со другите. Почнете да внимавате на својата енергија и сочувајте ги емоциите од наблагодарниците, бидејќи постојат лица кои со ништо нема да ги задоволите. Фокусот кон сопствениот мир е клучот за излез од кризата.
Јарец (22.12 – 19.01)
Со реализација на сопствените потенцијали и со верба во личните способности можете да изградите похармонична перспектива во наредниот период. Тоа ќе ви овозможи подобрување на околностите во кои претходно се наоѓавте, но и зголемување на добрите и намалување на негативните особини. Внимавајте на настинки.
Водолија (20.01 – 18.02)
Вие претпочитате да бидете либерални и прогресивно насочени кон перспективите на животот. Клучно е да опстоите на патот што го имате зацртано пред себе. Не дозволувајте надворешните фактори да ви го блокираат напредувањето и ќе го остварите тоа што го посакувате. Овој период е добар за патување, за инвестирање во недвижности и за надградба на знаењето.
Риби (19.02 – 20.03)
Комуницирајте, бидете спонтани и независни, односно следете го говорот на телото. Тоа ќе ви покаже каков однос да воспоставите со лицата кои ве опкружуваат. Ограничувањата што другите ќе сакаат да ви ги наметнат, нема да ве попречат во иницирањето на позитивни промени во своето живеење.
д-р Зоран Крстевски
едукатор, мотиватор и тренер за личен развој