Месечен хороскоп јануари – февруари 2025

Месечен хороскоп јануари – февруари 2025

УЖИВАЊЕ ЗА ЛАВОТ, НАПНАТОСТ КАЈ ВОДОЛИЈАТА

Овен (21.3-19.4)

Потенцијалите за подобрување на состојбата во љубовта ќе ви бидат максимално присутни, така што надминете ја тврдоглавоста и отворете се за соработка. Периодот е одличен за воспоставување хармонична перспектива во сите сфери на животот. Покажете дека умеете да ги препознаете предизвиците и уживајте во задоволствата и авантурата енергија.

Бик (20.4-20.5)

Добро е што умеете да ги почитувате вистинските вредности и што полека, но сигурно излегувате од психофизичката криза во која се најдовте поради негативното влијание на околината. Ѕвездите ви препорачуваат да ја зајакнете самодовербата и да се ориентирате кон лицата и настаните што позитивно ве стимулираат.

Близнаци (21.5-20.6)

Придвижете ги работите кон вистинската насока, ѕвездите ќе ве даруваат со сила и способност за доживување на задоволствата. Не треба да се пасивизирате, туку храбро искористете ги позитивните перспективи. Во слободното време преземете кратко патување или прошетајте во природа.

Рак (21.6-22.7)

Размислувањето исполнето со меланхолија и страв не може да ви донесе хармонични резултати. Без оптимизам и решителност во настапот постојано ќе стагнирате и ќе ги намалите потенцијалите за напредување. Елиминирајте ги слабостите на психофизичко поле и храбро насочете се кон мигот на сегашноста.

Лав (23.7-22.8)

Уживајте во прекрасните перспективи, бидејќи ќе имате можност за вкусување на задоволствата и за доживување на напредокот во сите сфери од животот. Во доменот на љубовта споделете ги радостите со саканото лице и дадете му до знаење дека сте подготвени за хармонизирање на односот и за подобрување на перспективата.

Девица (23.8-22.9)

Ако сакате да постигнете напредок ќе мора да се ослободите од песимистичките размисли. Планетите ветуваат успех, но само ако верувате во сопствените способности. Во емотивно поле ќе бидете окупирани со случувањата низ кои поминуваат блиските. На здравствено поле не претерувајте со консумирање на висококалорична храна.

Вага (23.9-22.10)

Не размислувајте премногу, туку остварете ги целите. Не се знае кога повторно ќе ви се отвори можност за напредок и за реализирање на желбите. Треба храбро да дејствувате и да отворите нова поперспективна патека во сите сфери од животот. Овој период е добар за патување.

Скорпија (23.10-21.11)

Согледајте ги проблемите што подолго време ве измачуваат. Со бегство од стварноста и со потиснување на желбите, ништо позитивно нема да направите. Време е да им се противставите на непријатностите и храбро да тргнете кон новите предизвици. Во доменот на љубовта расчистете со бесперспективната и непродуктивна релација.

Стрелец (22.10-21.11)

Ви се препорачува да пронајдете време за одмор и релаксација, односно да не претерувате со оптоварувањето на психофизички план. Затоа, насочете се кон задоволствата во љубовта и покажете дека умеете да ги препознаете вистинските искушенија. Ѕвездите укажуваат дека со својата магнетска убавина и со необичниот шарм, максимално ќе ги освојувате припадниците на спротивниот пол.

Јарец (22.12-19.1)

Не дозволувајте им на другите да ви ја исцицаат енергијата. Вие сте родени во зодијачки знак кој умее да излезе на крај со секакви критични ситуации. Преземете ја судбината во свои раце и насочете се кон реализирањето на обврските, бидејќи среќата ги следи храбрите. На љубовен план постои лице на кое многу му се допаѓате, но кое нема храброст да ви пријде.

Водолија (20.1-18.2)

Неможноста за воспоставување хармонични контакти во односот со лицата кои ве опкружуваат ќе ви создаде големи недоразбирања и нервозно реагирање на надворешните сугестии. Очекувајте психофизичка напнатост, особено ако не ја добиете подршката од блиските. Ви се препорачува да не влегувате во ризици, да ја задржите присебноста и да ја елиминирате суетата.

Риби (19.2-20.3)

Не треба да се оптоварувате на емотивен план, зашто постојат хармонични предуслови за пронаоѓање излез од конфузната состојба. Ѕвездите ве советуваат да бидете храбро насочени кон сѐ што го окупира вашето внимание. Успехот ќе следи ако ги преземете работите во свои раце и не зависите од туѓите влијанија. Затоа, ослободете се од напнатоста и позитивно дејствувајте.

д-р Зоран Крстевски
едукатор, мотиватор и тренер за личен развој