Месечен хороскоп јануари – февруари 2026

Месечен хороскоп јануари – февруари 2026

Визија кај раковите, промени кај близнаците

Овен (21.3-19.4)

Наместо да исчекувате што другите ќе кажат и да ја пасивизирате силата, најдобро е да ги преземете работите во своите раце и да иницирате вредности што ќе ве одведат кон вистинската трансформација и регенерација. Отворете се за позитивните промени, не стравувајте од непознатото и надминете ја кризата што подолго време ја следи вашата личност.

Бик (20.4-20.5)

Преиспитајте ги состојбите во љубовта, зашто се случува премногу да вложувате, а премалку да добивате. Селективноста и аналитичноста ќе ви бидат од голема полза. Променливото расположение ќе биде присутно, така што од еуфоричност ќе преоѓате во меланхолија. Но, интуицијата ќе ви помогне да го пронајдете вистинскиот пат и да ги елиминирате наталожените проблеми.

Близнаци (21.5-20.6)

Доволно ги ограничувавте можностите за напредување и ги потиснувавте своите вредности. Страста ви е нужно потребна, како и романтичното надополнување во љубовта. Затоа елиминирајте ги предрасудите и прифатете го предизвикот за воведување значајни промени. Внимавајте во сообраќајот.

Рак (21.6-22.7)

Останете доследни на визијата што ја имате зацртано пред себеси. Посебно ви се препорачува да покажете интерес за стабилизирање на односите со саканото лице, да бидете поодговорни, самосвесни, трпеливи и да покажете дека умеете да ја подобрите состојбата во која се наоѓате. Добро е ако преземете патување.

Лав (23.7-22.8)

Работете на надградба на знаењето, создадете некое креативно дело и бидете отворени за комуникација, зашто менталните потенцијали ќе ви бидат мошне високи. Очекувате да ви се случат значајни промени, од чија рефлексија ќе ви зависат идните планови, како во професионалната, така и во емотивната сфера.

Девица (23.8-22.9)

Од вас зависи дали ќе тргнете кон новото или ќе се определите за пасивност и рамнодушност. Покрај професионалните предизвици, очекувајте возбудување и во сферата на љубовта. Позитивното влијание на планетата Марс ќе ви донесе перспектива за остварување емотивна врска со мошне специфична и привлечна личност.

Вага (23.9-22.10)

Не е добро ако постојано ги одложувате можностите за постигнување стабилност во односите со другите. Ѕвездите ќе ви овозможат напредување и високо ниво на задоволства. Затоа нè манифестирајте колебливост, туку дејствувајте и бидете отворени за соработка. Внимајте на финансиски план.

Скорпија (23.10-21.11)

Околностите во кои се најдовте сфатете ги како игра на судбината, која неретко ве става пред навидум неразрешливи ситуации, но кои начелно сте умееле успешно да ги надминете. Без оглед на околностите со кои ќе се соочите, верувајте дека имате квалитет и енергија за подобрување и воспоставување на хармонијата во животот.

Стрелец (22.10-21.11)

Со реализација на планираните активности и со верба во личните потенцијали ќе изградите похармонична перспектива во периодот што следи. Тоа ќе ви овозможи значајни промени и подобрени основи за напредок во љубовта и работата. Затоа напредувајте на духовен план, размислувајте позитивно и фокусирајте се кон мигот на сегашноста.

Јарец (22.12-19.1)

Отворете се за јавноста, комуницирајте, бидете спонтани и независни, односно следете го говорот на телото, кое во голема мерка ќе ви покаже каков однос да воспоставите со лицата кои ве опкружуваат. Страста ќе ви биде на највисоко можно ниво. Негативните моменти што подолг период ве следат на емотивен план, постепено ќе почнат да попуштаат.

Водолија (20.1-18.2)

Полека, но сигурно почнувате да ги елиминирате ограничувачките фактори кои доминираа во претходниот период. Не треба да ве зафаќаат меланхолијата и песимизмот, бидејќи ви претстојат одлични можности за напредување. Добро е да размислите за активности поврзани со купопродажба на недвижности. Очекувајте позитивни изненадувања.

Риби (19.2-20.3)

Преиспитајте ги потезите што ги влечевте во доменот на љубовта и обидете се да го промените досегашниот однос кон искушенијата. Емоционалната заслепеност може скапо да ве чини. Посветете се на работата, но пронајдете време за одмор и релаксација бидејќи психофизичката состојба не ви е на највисоко ниво.

д-р Зоран Крстевски
едукатор, мотиватор и тренер за личен развој