Месечен хороскоп јули – август 2022

Месечен хороскоп јули – август 2022

Интересно патување за овните, искушенија кај скорпиите

Овен (21.03 – 19.04)

Во наредниот период следете ги љубовните вибрации, односно препуштете им се на задоволствата во сите домени од животот. Илузорно е да ги потиснувате вредностите и со скептички дух да гледате кон добронамерното однесување на партнерот, посебно кога постојат идеални предуслови за воспоставување на хармонијата. Иницирајте го авантуристичкиот дух и преземете интересно патување.

Бик (20.04 – 20.05)

Ѕвездите ви препорачуваат да верувате во позитивното, да не им робувате на предрасудите и да тргнете оптимистички кон искушенијата, бидејќи нема причина за внесување на меланхолијата и за психофизичко оптоварување. Ве очекуваат големи предизвици и опции за напредување на деловен, односно финансиски план.

Близнаци (21.05 – 20.06)

Искористете ги предиспозициите што ќе ви ги отвори планетата на љубовта Венера и бидете решителни при преземањето на активностите, бидејќи не е дојдено вистинското време за потиснување на креативната енергија и за бегање од искушенијата. Успехот ќе следи ако бидете трпеливи. Здравствената состојба ќе ви се стабилизира.

Рак (21.06 – 22.07)

Проблемите на психофизички план ќе успеете да ги надминете ако согледате дека треба да се дистанцирате од одредени лица кои постојано ви ја крадат позитивната енергија. Преголемата свртеност кон минатото и емоционалната ранливост нема да бидат толку силно изразени, како што беа во претходниот период.

Лав (23.07 – 22.08)

Вашата способност за воспоставување хармонични вибрации ќе предизвика саканото лице да и се предаде на емоционалната поврзаност, што ќе ви овозможи максимално подобрување на љубовната ситуација. Насочете со кон позитивната енергија и уживајте во предизвиците. Одличен период за патување и креативно изразување.

Девица (23.08 – 22.09)

Доколку продолжите и понатаму да се жртвувате за другите и непромислено да го трошите слободното време, тогаш не очекувајте стабилизација на состојбата и излез од наталожените ограничувања. Посветете се на самите себеси и бидете подалеку од негативците. Бидете позитивно насочени кон работата и манифестирајте креативност.

Вага (23.09 – 22.10)

Ѕвездите ви препорачуваат да бидете селективни и мудри при контактите со другите, односно да другарувате со лицата кои манифестираат добронамерност и определба за позитивно проникнување во суштината на вашата личност. Во љубовта внимавајте на посесивноста.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Транзитот на планетата Марс кон вашиот зодијачки знак ќе ви овозможи необично искушение во доменот на љубовта, енергичност во настапот и креативност во работата. Искористете ги позитивните перспективи и покажете подготвеност за предавање на задоволствата. Верувајте и на интуицијата.

Стрелец (22.11 – 21. 12)

Ѕвездите укажуваат дека заслужувате да ги вкусите плодовите на убавината, хармонијата и љубовта. Затоа бидете активни и верувајте во сопствените вредности. Среќата ќе биде максимално присутна. Добро е ако работите на средување на документацијата или преземете кратко патување.

Јаред (22.12 – 19.01)

Ќе направите голема грешка доколку станете подложни на надворешните сугестии и се обидете со манифестирање на нервозата и импулсивноста да стигнете на целта. Стабилизирајте ги емоциите и не подлегнувајте на надворешните притисоци и манипулации. На здравствен план внимавајте на кожата, забите или коските.

Водолија (20.01 – 18.02)

Ограничувањата, ударите на судбината и тешкотиите максимално ве следеа во претходниот период и ве соочуваа со неизвесноста и со психофизичката блокада, кои сепак храбро и непоколебливо ги издржавте. Затоа уживајте во мирот, искористете ја шансата за расчистување со старото и ќе постигнете значаен напредок во животот.

Риби (19.02 – 20.03)

Во претходните месеци успеавте да ги утврдите приоритетите и да се ослободите од дисхармоничното влијание на лицата кои ве опкружуваат. Продолжете со исто темпо да итате кон искушенијата, бидејќи размислувањето за нештата што поминале ништо позитивно нема да ви донесе. Бидете фокусирани кон мигот на сегашноста и следете ги импулсите на љубовта.

 

д-р Зоран Крстевски
Едукатор, мотиватор и тренер за личен развој