Изненадувања кај Лавовите, промени за Вагите
Овен (21.03 – 19.04)
Преголемото вложување на време и енергија за остварување искрена соработка со другите не ви донесе хармонични резултати и перспективни односи, така што е неопходно да го промените пристапот кон нештата. Клучно е да се извлечете од меланхоличниот период и да се ослободите од психофизичката напнатост. Корисно е доколку патувате или почесто шетате во природа.
Бик (20.04 – 20.05)
Не треба нервозно и тврдоглаво да се однесувате, зашто спонтаноста и позитивниот пристап ви се нужно потребни. Внатрешната тензија ќе исчезне ако работите на прифаќањето на самите себеси, гледате афирмативно на животните предизвици и отворите нова страница во односите со другите.
Близнаци (21.05 – 20.06)
Потребно е добро да се организирате и да им дадете приоритет на контактите со лицата кои позитивно ве стимулираат, а да се дистанцирате од оние кои ви ја крадат позитивната енергија. Мудро и трпеливо искористете ги вредностите, но внимавајте и на своите слабости. Посветете поголемо внимание на своето здравје.
Рак (21.06 – 22.07)
Не верувајте во сé што ќе слушнете или што ќе ви биде сервирано од лицата кои ве опкружуваат. Неретко ви се случувало максимално да им подлегнете на туѓите сугестии и да прифатите односи што се покажале непродуктивни и поразителни. Аналитичноста и трпеливоста се клучот на успехот. Посветете поголемо внимание на психофизичката состојба на личноста.
Лав (23.07 – 22.08)
Доволно чекавте работите да се помрднат од мртвата точка, зашто без енергично и храбро дејствување ретко може да се воспостави промената и да се тргне кон похармоничната перспектива. Успехот ќе пристигне само треба да бидете порешителни. Очекувајте пријатни изненадувања.
Девица (23.08 – 22.09)
Сочувајте ја својата енергија. Проблемите што ве следат на емотивен план нема да ги елиминирате, ако не се обидете со позитивен пристап да влијаете на лицата кои ве опкружуваат. Всушност, иако за многу работи ја говорите вистината, неопходно е да сфатите оти во миговите на криза секогаш попаметниот попушта и се фокусира кон мирот во душата.
Вага (23.09 – 22.10)
Промените ќе бидат актуелни во периодот што следи. Без оглед што успеавте да ги надминете проблемите во односот со блиските, сепак не треба премногу да се опуштате, зашто лесно може да се случи сето она што упорно и трпеливо го градевте да се сруши како кула од карти. Мудрото постапување е основата за вашето напредување.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Не треба да се надевате на успех бидејќи односот што го развивавте кон околностите на животот не ветува реализација и излез од кризата. Ќе мора нешто да промените во пристапот, односно да покажете поголема одговорност, чувство за позитивна соработка и стабилност во однесувањето. Само така ќе можете да воспоставите психофизичката хармонија.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Имате одлични можности за зацврстување на положбата во професионалната сфера и за воспоставување многу похармонична перспектива во емотивниот однос. Причината за задоволството се наоѓа во позитивното влијание на ѕвездите и во потпирањето на сопствените сили. Овој период е поволен за купопродажба на недвижности.
Јарец (22.12 – 19.01)
Направете план пред да се зафатите со ризичните активности, зашто ако непромислено дејствувате тогаш нужно ќе се соочите со ризици и потешкотии, од кои нема лесно да се ослободите. Клучно е да ги препознаете опасностите и да тргнете напред кон убавите страни на животот.
Водолија (20.01 – 18.02)
Иако планетите нема да ви овозможат лесна реализација и хармонична егзистенција, сепак не треба да ве зафати стравот од предизвици,. Најважно е да се оттргнете од непродуктивните состојби и да не ги форсирате активностите, што само за в миг ќе ви изгледаат привлечни. Посветете внимание на здравјето и на внатрешниот мир.
Риби (19.02 – 20.03)
Направете план пред да дејствувате, бидејќи со трпеливо и дисциплинирано однесување ќе успеете да ги реализирате потенцијалите. Од голема важност е што успеавте да се справите со повеќето проблеми и тешкотии. Сега ќе можете многу поспонтано да им пријдете на новите ангажмани и да постигнете напредок.
д-р Зоран Крстевски
едукатор, мотиватор и тренер за личен развој