Месечен хороскоп мај – јуни 2024

Месечен хороскоп мај – јуни 2024

Напредок кај Близнаците, позитивни промени кај Јарците

Овен (21.03 – 19.04)

Хармоничното влијание на Марс ќе ви донесе самодоверба, виталност и подготвеност за воспоставување промени во животот. Успехот ќе го постигнете ако престанете да се окупирате со сугестиите на другите и бидете настојчиви во иницирањето на желбата за излез од досегашната ситуација. Дистанцирајте се од туѓите лоши влијанија и насочете се кон позитивното.

Бик (20.04 – 20.05)

Не е добро да зависите од туѓите ветувања и сугестии, зашто досегашното искуство говори дека излезот од кризата секогаш сте го постигнувале со сопствени сили. Затоа верувајте во тоа што го поседувате, отворете се за новите доживувања и престанете да гледате негативно кон сé што ве опкружува.

Близнаци (21.05 – 20.06)

Поради позитивниот транзит на планетата Венера некои состојби полека, но сигурно ќе почнат да се стабилизираат, така што верувајте во сопствените сили и бидете подготвени за реализирање на желбите во емотивната сфера. Остварете хармонична комуникација и прифатете ги љубовните предизвици.

Рак (21.06 – 22.07)

Без активност и храброст, успехот постепено ќе ве заобиколува. Со нервозно и нетолерантно однесување нема да ја подобрите перспективата и да најдете решение за ограничувачките околности. Ви се препорачува да бидете самокритични и позитивно насочени, зашто песимистичкиот пристап и меланхолијата ќе ве оддалечат од мирот и хармонијата.

Лав (23.07 – 22.08)

Ѕвездите ви препорачуваат да промените нешто во односот со јавноста, да не се експонирате премногу и да бидете аналитични, селективни и резервирани во искажувањето на емоциите. Непромисленото дејствување ќе ви создаде проблеми во контактот со другите, така што ќе ви треба голема приспособливост, трпеливост и одговорност за да ги хармонизирате релациите.

Девица (23.08 – 22.09)

Во текот на наредниот период ќе манифестирате контрадикторност во однесувањето и максимално ќе зависите од надворешните случувања и сугестиите на блиските. Можеби нема експресно да ги остварите желбите, но ќе иницирате значајна трансформација, така што трпеливо движете се кон целта.

Вага (23.09 – 22.10)

Не треба да ги идеализирате нештата и да чекате можностите за постигнување успех да пристигнат на експресен начин, туку со храбар и активен пристап тргнете кон одблокирањето на статус кво ситуацијата. На професионален план внимавајте на притисоците, ограничувањата и негативната енергија присутна во опкружувањето.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Грешките кои ги направивте во претходните месеци треба да ви бидат поука – како не треба да се однесувате во иднина. На емотивно поле не дозволувајте и понатаму да ви се случуваат конфликтни ситуации кои со својата дисхармоничност ќе ви го одземат мирот и ќе ви предизвикаат психофизичка напнатост.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Најважно е да ја пренасочите силата кон лицата и настаните кои позитивно ве стимулираат и кои нема да ви ја крадат позитивната енергија. Но, за да дојде до тоа, ќе мора да го промените пристапот кон искушенијата и да престанете да се окупирате со минливите задоволства. Патувајте, работете на подобрувањето на сопствениот имиџ и бидете креативни и активни на професионален план.

Јарец (22.12 – 19.01)

Направете нешто добро за себеси и искористете ја позитивната можност за иницирање промени во сите сфери на животот. Ќе успеете во сопствените намери доколку ги утврдите приоритетите, заборавите на лошите искуства од минатото и промислено дејствувате кон целта. Посветете внимание на здравјето.

Водолија (20.01 – 18.02)

Ѕвездите ви препорачуваат мудро и трпеливо да ги промислувате нештата и да ја определите насоката во доменот на љубовта. Доколку и понатаму развивате нерешителност и пасивност, тогаш ќе западнете во психофизичка криза од која многу тешко ќе се извлечете. Верувајте во сопствените вредности и нé оставајте другите да ви кажуваат како треба да се однесувате.

Риби (19.02 – 20.03)

Направете анализа на околностите во кои се наоѓате. Покажете храброст, енергичност и способност за противставување на искушенијата. На некои лица нема да им оди во прилог вашата мотивација за надминување на притисоците и за креирање нова визија во животот. Најважно е да верувате во сопствените вредности и да постигнете позитивни резултати.

 

д-р Зоран Крстевски
едукатор, мотиватор и тренер за личен развој