Месечен хороскоп МАРТ – АПРИЛ 2023

Месечен хороскоп МАРТ – АПРИЛ 2023

Одмор за девиците, успех кај лавовите

Овен (21.03 – 19.04)

Доколку сакате да излезете од наметнатите ограничувања, неопходно е да не стравувате од тоа што ќе го согледате, туку храбро да настапите и конечно да ги стопирате меланхолијата и негативното влијание со кои се соочувате. Нештата ќе тргнат кон позитивната патека, само треба повеќе да верувате во сопствените вредности и да престанете да се жртвувате за лицата кои не ве заслужуваат.

Бик (20.04 – 20.05)

Обидете се конструктивно и прецизно да ги организирате плановите што имате намера да ги спроведете. Честопати, токму поради расеаноста, импулсивноста и желбата за пребрзо пристигнување на целта се доведувавте во незавидна ситуација и ги уништувавте перспективите за напредување. Преиспитајте ја здравствената состојба.

Близнаци (21.05 – 20.06)

Искористете ги високите вредности, не верувајте во туѓите ветувања, покажете трпеливост и селективност, бидејќи успехот ќе ви биде достижен во периодот што следи. Затоа, обидете се да ги елиминирате слабостите и подготвено тргнете кон новите можности на животот.

Рак (21.06 – 22.07)

Конечно ќе можете да здивнете, зашто влијанието на планетите е хармонично поставено кон вашиот знак. Имено, ќе имате одлични предиспозиции за елиминирање на непродуктивните ситуации и за постигнување значаен напредок во животот. Во полето на љубовта очекувајте пријатни изненадувања и надминување на стегите.

Лав (23.07 – 22.08)

Бидете спонтани и позитивно насочени кон јавноста. Притоа, очекувате релација од која во голема мерка ќе ви зависи перспективата во најблиската иднина. Затоа, слободно фокусирајте се кон соработката и дејствувајте енергично, бидејќи со развивање на самодовербата, работите ќе ви одат многу полесно.

Девица (23.08 – 22.09)

Преголемите работни ангажмани максимално ве истоштија на психофизички план, така што ќе мора да здивнете и да ја пренасочите силата кон други сфери од животот. Ако продолжите да се трошите за лица и настани кои не заслужуваат преголемо внимание, тогаш кризата и напнатоста, нема лесно да ве напуштат. Размислувајте за промена на состојбата на љубовен план.

Вага (23.09 – 22.10)

Ви се препорачува да комуницирате со добронамерници, да излезете на прошетка во природа и да не се нервирате за ситници. Опуштениот пристап, прифаќањето на нештата и позитивната енергија ќе ви овозможат надминување на слабостите и подобрување на психофизичката состојба. наскоро ќе имате можност за подобрување на финансиите.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Потребно е добро да се одморите, бидејќи наскоро ве очекуваат мошне напорни активности. Доколку не ги наполните психофизичките батерии, многу шпотешко ќе успеете да им се спротивставите на потенцијалните орграничувачки фактори. Не влегувајте во финансиски ризици.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Елиминирајте ги очекувањата кои непотребно ви ја трошат креативната енергија и психофизички истоштуваат. Ставете го фокусот кон ангажманите што ветуваат успех и следете ја интуицијата. Притоа, бидете аналитични и трпеливи при соочувањето со непознатото, односно не им дозволувајте на другите да ви се мешаат во животот. Внимавајте на здравствен план.

Јарец (22.12 – 19.01)

Промеливата психофизичка состојба ќе ви услови несигурност во сопствените вредности и ќе ве направи зависни од туѓите сугестии. Време е да се ориентирате кон тоа што ве интересира и стимулира. Планетите ќе ви ја дадат поддршката, така што бидете храбри во настапот. Ви се препорачува да преземете патување.

Водолија (20.01 – 18.02)

Доволно очекувавте проблемите да се решаваат самите по себе и настојувавте да добиете помош од другите. бидејќи тоа ретко се случува, неопходно е да знаете дека космичките принципи секогаш ги заштитуваат лицата кои се позитивни, иницијативни и со оптимистика енергија. Елиминирајте го песимизмот и на крајот се ќе биде добро.

Риби (19.02 – 20.03)

Без оглед што поседувате високи вредности и што заслужувате среќата и хармонијата да ви бидат максимално присутни во животот, сепак кризата и психофизичката напнатост како постојано да ја следат вашата личност. Решението се наоѓа во расчистувањето со старите непродуктивни ситуации и во дистанцирањето од лицата кои ви го блокираат напредувањето.

 

д-р Зоран Крстевски
едукатор, мотиватор и тренер за личен развој