ЉУБОВ КАЈ БИКОВИТЕ, СТРАСТ КАЈ ВОДОЛИИТЕ
Овен (21.3-19.4)
Вашата оригиналност и прогресивност целосно ќе дојдат до израз, така што туѓите конзервативни гледишта и ограничувачки влијанија нема да вродат со плод. Продолжете да бидете либерални, самостојни и позитивно насочени кон перспективите на животот. Не влегувајте во преголеми финансиски ризици.
Бик (20.4-20.5)
Размислувајте оптимистички и употребете ја менталната сила за придвижување на потенцијалите кон хармоничната перспектива, бидејќи само така ќе ги надминете тешкотиите. Очекувајте пријатни изненадувања во доменот на љубовта и позитивна перспектива во работата.
Близнаци (21.5-20.6)
Околностите во животот никако да ви се подобрат, поради што е неопходно да размислите за причините што ве доведоа во незавидна ситуација. Ако продолжите да итате непромислено кон целта, тогаш не очекувајте стабилизација и хармонична перспектива.
Рак (21.6-22.7)
Во последно време претпочитате да ги избегнувате контактите со јавноста и со самото тоа да бегате во сопствениот мал свет на живеење. Тоа се должи на разочарувањата и на погрешните вложувања кои ги имавте во љубовта, односно работата. Сепак, нема место за паника така што надминете го стравот, соочете се со стварноста и верувајте дека ќе следат подобри можности.
Лав (23.7-22.8)
Имајте на ум дека во наредниот период не е дојдено вистинското време за подлегнување на искушенијата и за прифаќање на неперспективните односи. Затоа, фокусирајте се кон лицата и настаните што нема да ви создадат потешкотии и не ризикувајте при влегувањето во односи и ситуациите што не ви се доволно познати.
Девица (23.8-22.9)
Чувството на страв и неизвесност тотално ве окупира, бидејќи вашиот професионален напредок зависи од туѓата поддршка. Ѕвездите ве советуваат да верувате во сопствените вредности и да разберете дека поседувате силен потенцијал за подобрување на психофизичката состојба и за успех во животот. Креирајте позитивна визија и ништо нè оставајте на случајноста.
Вага (23.9-22.10)
Проблемите што подолго време ја следат вашата личност ќе успеете да ги елиминирате, доколку бидете отпорни на туѓите влијанија и пронајдете начин за воспоставување на новата визија. Доволно се окупиравте со неважни работи, време е храбро да тргнете кон целта. Наредниот период е позитивен за патување.
Скорпија (23.10-21.11)
Наместо неаналитички да се однесувате и да се обидувате експресно да стигнете до целта, многу подобро е да пронајдете време за одмор и со самото тоа да побегнете од искушенијата, кои се закануваат целосно да го исцрпат вашиот организам. Доколку и понатаму продолжите неконструктивно и брзоплето да реагирате, тогаш не очекувајте напредок во љубовта и стабилизирање на состојбата.
Стрелец (22.10-21.11)
Размислувајте позитивно и храбро насочете се кон перспективите на иднината, зашто доволно се окупиравте со минатото и дозволувавте напнатоста и песимизмот целосно да ја зафатат вашата личност. Околностите во љубовта би можеле да се подобрат ако се отворите за задоволствата и го следите говорот на телото. Затоа не им робувајте на предрасудите, елиминирајте ја тврдоглавоста и сфатете дека имате сила и потенцијал за подобрување на состојбата.
Јарец (22.12-19.1)
Сè уште ќе имате поддршка од планетите. Тоа значи дека хармонијата и перспективата и понатаму ќе бидат присутни. Клучно е да покажете иницијативност и упорност при реализирањето на потребите. Манифестирајте го борбениот пристап и верувате во сопствените вредности. Периодот е добар за вложување во недвижности.
Водолија (20.1-18.2)
Наместо да се оптоварувате со нереални проблеми, ѕвездите ви препорачуваат да пронајдете време за препуштање на задоволствата. Всушност, периодот е идеален за дистанцирање од непродуктивните лица и ситуации, како и за следење на авантуристичките вибрации. Не дозволувајте да ве понесат песимистичките размислувања, туку иницирајте ја способноста за препуштање на страста.
Риби (19.2-20.3)
Ѕвездите ве советуваат да се опуштите, да вложувате во личниот развој и конструктивно да се однесувате во односите со другите. Корисно е ако во критичните моменти ја следите интуицијата и пронајдете начин за мирно разрешување на потенцијалните конфликти. Значи, следете го внатрешниот глас и бидете активни во јавноста. Внимавајте на здравствено поле.
д-р Зоран Крстевски
едукатор, мотиватор и тренер за личен развој
