Промени кај лавовите,
нови можности за биковите
Овен (21.03 – 19.04)
Обидете се конструктивно и прецизно да ги организирате плановите што имате намера да ги спроведете. Честопати, токму поради расеаноста, импулсивноста и желбата за пребрзо пристигнување на целта се доведувавте во незавидна ситуација и ги уништувате перспективите за напредување. Преиспитајте ја здравствената состојба.
Бик (20.04 – 20.05)
Искористете ги високите вредности, не верувајте во туѓите ветувања, покажете трпеливост и селективност, бидејќи успехот ќе ви биде достижен во периодот што следи. Затоа, обидете се да ги елиминрате слабостите и подговено тргнете кон новите можности на животот.
Близнаци (21.05 – 20.06)
Конечно ќе можете да здивнете, зашто влијанието на планетите е хармонично поставено кон вашиот знак. Имено, ќе имате одлични предиспозиции за елиминирање на непродуктивните ситуации и за постигнување значаен напредок во животот. Во полето на љубовта очекувајте пријатни изненадувања и надминување на стегите.
Рак (21.06 – 22.07)
Бидете спонтани и позитивно насочени кон јавноста. Притоа, очекувате релација од која во голема мера ќе ви зависи перспективата во најблиската иднина. Затоа, слободно фокусирајте се кон соработката и дејствувајте енергично, бидејќи со развивање на самодовербата, работите ќе ви одат многу полесно.
Лав (23.07 – 22.08)
Преголемите работни ангажмани максимално ве истоштија на психофизички план, така што ќе мора да здивнете и да ја пренасочите силата кон други сфери од животот. Ако продолжите да се трошите за лица и настани кои не заслужуваат преголемо внимание, тогаш кризата нема лесно да ве напушти.
Девица (23.08 – 22.09)
Ви се препорачува да комуницирате со добронамерници, да излезете на прошетка во природа и да не се нервирате за ситници. Опуштениот пристап, прифаќањето на нештата и позитивната енергија ќе ви овозможат надминување на слабостите и подобрување на психофизичката состојба. Наскоро ќе имате можност за подобрување на финансиите.
Вага (23.09 – 22.10)
Потребно е добро да се одморите, бидејќи наскоро ве очекуваат мошне напорни активности. Доколку не ги наполните психофизичките батерии, многу потешко ќе успеете да им се спротивставите на потенцијалните ограничувачки фактори. Не влегувајте во финансиски ризици.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Елиминирајте ги очекувањата кои непотребно ви ја трошат креативната енергија и психофизички ве истоштуваат. Ставете го фокусот кон ангажманите што ветуваат успех и следете ја интуицијата. Притоа, бидете аналитични и трпеливи при соочувањето со непознатото, односно не дозволувајте им на другите да ви се мешаат во животот. Внимавајте на здравствен план.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Променливата психофизичка состојба ќе ви услови несигурност во сопствените вредности и ќе ве направи зависни од туѓите сугестии. Време е да се ориентирате кон тоа што ве интересира и стимулира. Планетите ќе ви ја дадат поддршката, така што бидете храбри во настапот. Ви се препорачува да преземете патување.
Јарец (22.12 – 19.01)
Доколку размислувате оптимистички и менталната сила ја оптребите за придвижување на работите кон нагорната линија, ќе успеете да отворите похармонична перспектива и спонтано ќе ги надминете тешкотиите. Негативните моменти што подолг период ве следат на емотивен план. постепено ќе почнат да попуштаат.
Водолија (20.01 – 18.02)
Без оглед што посредувате високи вредности и што заслужувате среќата и хармонијата да ви бидат максимално присутни во животот, сепак кризата и психофизичката напнатост како постојано да ја следат вашата личност. Решението се наоѓа во расчистувањето со старите непродуктивни ситуации.
Риби (19.02 – 20.03)
Доколку сакате да излезете од наметнатите ограничувања, неопходно е да не стравувате од тоа што ќе го согледате, туку храбро да настапите и конечно да ги стопирате меланхолијата и негативното влијание со кои се соочувате. Нештата ќе тргнат кон позитивната патека, само треба повеќе да верувате во сопствените вредности и да престанете да се жртвувате за лицата кои не ве заслужуваат.
Д-Р ЗОРАН КРСТЕВСКИ
едукатор, мотиватор и тренер за личен развој