Успех за Биковите, задоволства кај Вагите
Овен (21.3-19.4)
Не треба да ја манифестирате високи амбиции во сé што работите, бидејќи со такво однесување нема да постигнете мир и опуштеност. Ви се препорачува да не ја трошите енергијата на лица и настани што нé гарантираат успех и полека, но сигурно да се насочите кон целта. Најважно е желбите да ги приспособите на реалните животни околности.
Бик (20.4-20.5)
Ќе имате одлична можност за надминување на состојбите што не ви дозволуваат напредување. Затоа, направете нешто добро за себе и насочете се кон тоа што ве привлекува, бидејќи само така ќе ја постигнете долгоочекуваната трансформација. Работете на подобрување на состојбата во љубовта и дејствувајте решително во миговите кога постојат можности за успех.
Близнаци (21.5-20.6)
Наместо да реагирате темпераментно и суетно на провокациите, смирете ја енергијата и насочете се кон конструктивните цели на животот. Клучно е да не се преоптоварувате на психофизички план. Ориентирајте се кон лица и настани што ќе ви донесат мотивација и реализација на вашите потенцијали.
Рак (21.6-22.7)
Време е да ги научите лекциите од минатото и да ги реализираете сопствените вредности. Најважно е надворешните влијанија да не ви предизвикаат пасивност, страв и несигурност. Ви се препорачува да не бегате од промените што ветуваат позитивни перспективи, туку храбро да се соочите со предизвикот.
Лав (23.7-22.8)
Не треба да се оптоварувате на психофизички план, бидејќи поседувате високи квалитети кои неминовно ќе излезат на површина. Верувајте во среќната ѕвезда и тргнете храбро кон тоа што ве привлекува. Постојат добри предуслови за постигнување на хармонијата, за успех во работата и за напредок и визија во љубовта.
Девица (23.8-22.9)
Искористете го влијанието на ѕвездите и направете план за воспоставување на новата визија. Ограничувањата ќе ви бидат предизвикани од лицата кои ќе му завидуваат на вашиот успех. Ви се препорачува да си го гледате сопствениот пат и со мудар пристап да ги прифатите предизвиците, зашто среќата не се добива на тацна, туку таа се заслужува.
Вага (23.9-22.10)
Расположението ќе ви се подобри бидејќи конечно почнавте да верувате во сопствените вредности. Миговите на целосното задоволство ќе ви ја поттикнат заводливоста и храброста, тоа ветува авантура и голем предизвик во доменот на љубовта. Излегувајте, забавувајте се и барем за момент заборавете на обврските и проблемите што во последно време ги имате во секојдневито.
Скорпија (23.10-21.11)
Насочете се кон јавноста, размислувајте за промена на состојбата во љубовта и пронајдете време за реализирање на професионалните желби. Поставеноста на ѕвездите треба да ви донесе високо ниво на енергија и способност за ставање крај на негативните искушенија. Затоа, не треба да покажувате страв од предизвици, туку спротивставете им се состојбите што ви го стопираат напредувањето.
Стрелец (22.10-21.11)
Колку и да ви се загубени можностите за воспоставување коренити промени, сепак ѕвездите ќе ви помогнат да ги препознаете ограничувањата и да иницирате успех кон тоа што ве привлекува. Затоа, не оставајте ништо на случајот, добро подгответе се и разберете дека ретко некој ќе ви помогне, ако самите на себе не си помогнете.
Јарец (22.12-19.1)
Подобрете го односот со саканото лице, зашто ако и понатаму ги развивате тврдоглавоста и отуѓеноста, тогаш не очекувајте напредок и хармонија. Ѕвездите ве советуваат да ги преземете работите во своите раце и да покажете добронамерност во соработката. Најважно е постепено да се извлечете од кризата и ослободите од притисокот.
Водолија (20.1-18.2)
Без оглед што ќе се соочите со напнатости и ограничувачки околности, перспективите за реализирање на желбите ќе ви бидат присутни. Зголемениот оптимизам и желбата за воспоставување нова визија во животот, ќе ви помогнат на реален начин да ги согледате перспективите во кариерата и да ги подобрите односите со другите.
Риби (19.2-20.3)
Подложноста на туѓите влијанија ви создаде неизвесност и емоционални оптоварувања, поради што песимизмот целосно ја зафати вашата личност. Ѕвездите ве советуваат, наместо да се затворате длабоко во себе, многу подобро е да развивате оптимизам и да ги препознаете позитивните можности што наскоро ќе ви се појават во животот.
д-р Зоран Крстевски
едукатор, мотиватор и тренер за личен развој
