ЉУБОВ КАЈ ВАГИТЕ, ПРОМЕНИ КАЈ СТРЕЛЦИТЕ
Овен (21.3-19.4)
Не преземајте ризични активности и обидете се со мудар пристап да ги препознаете опасностите. Не ви се препорачува да се потпирате на туѓите ветувања и да очекувате дека некој од надвор ќе дојде и ќе ви помогне да ги елиминирате ограничувањата. Најдобро е да верувате во сопствените вредности и да се фокусирате на позитивното.
Бик (20.4-20.5)
Одредени околности нема да ви одат од рака, така што ќе треба со конструктивен пристап да ги надминете ограничувањата. Затоа, не чекајте некој друг да ви ги решава проблемите, туку преземете акција и воспоставете повисоко ниво на храброст, решителност и самодоверба. Во доменот на љубовта креирајте однос втемелен врз разговор, доверба и разбирање.
Близнаци (21.5-20.6)
Не треба да им овозможувате на лицата од непосредната околина да управуваат со вашиот живот и да ви кажуваат како да размислувате и да се однесувате. Иако е добро да се слушаат добронамерни совети, сепак не треба тотално да се пасивизирате и да дозволите другите да доминираат. Потпрете се на сопствените сили и спротивставете се на ограничувањата.
Рак (21.6-22.7)
Направете добра организација и насочете се кон работните активности. Најважно е што транзитот на планетите ќе ви овозможи многу послободно да им се препуштите на љубовните мигови и да ја почувствувате хармонијата во доменот на семејството. Во секој случај, среќата полека, но сигурно повторно ќе ви се всели во животот.
Лав (23.7-22.8)
Илузорно е да влијаете врз лицата што не сакаат да создадат позитивна промена во своето живеење. Пренасочете ја енергијата кон активностите што ќе ви овозможат да дојдете до израз. Ништо позитивно нема да направите ако и понатаму вложувате во другите, а притоа ги запоставувате сопствените потреби и вредности.
Девица (23.8-22.9)
Емотивната состојба постојано ви создава немир и напнатост, произлезени од растргнатоста помеѓу семејните обврски и работните задачи. Ако сакате да воспоставите рамнотежа, бидете конструктивни и трпеливи во настапот. Зафатете се со чистењето на штетните влијанија, бидејќи само така ќе ги избегнете конфузноста и психофизичкиот замор.
Вага (23.9-22.10)
Фокусирајте се кон позитивните можности, зашто ако и понатаму оставате проблемите да се решаваат без да се преземе иницијатива и утврдување на ограничувањата, тогаш не очекувајте хармонија и напредок. Отворете се за љубов и соработка и манифестирајте ја својата посебност. Честопати ви успевало да пронајдете решение, без оглед на проблематичните околности.
Скорпија (23.10-21.11)
Не треба да бидете незадоволни од перспективите, зoшто без оглед што се уште не сте успеале на најдобар начин да ги реализирате сопствените вредности, сепак постигнавте одреден напредок. Наместо да итате непромислено кон целта, препорачливо е со бавно, но сигурно дејствување работите да ги доведете во најдобар ред.
Стрелец (22.10-21.11)
Определете ги суштинските приоритети, не ја трошете позитивната енергија на лица и настани што не ветуваат успех и реализација. Најдобро е да почнете полека, но сигурно да ја градите новата концепција и да ги стопирате негативните влијанија произлезени од влијанијата на надворешната околина. Ѕвездите укажуваат дека ќе успеете во намерите, така што бидете оптимисти и храбри во настапот.
Јарец (22.12-19.1)
Време е да се дистанцирате од лицата кои освен нервоза и неизвесност, ништо друго ви немаат донесено. Воспоставете ја новата визија, размислувајте оптимистички и сфатете дека единствено самите на себе ќе можете да си бидете од корист. Ѕвездите почнуваат хармонично да влијаат кон вашата личност. Тоа ветува дека ако добро се организирате и ги елиминирате негативните влијанија, ќе успеете да се хармонизирате на психофизички план.
Водолија (20.1-18.2)
Состојбата на психофизички план иако ќе ви создаде нервоза и импулсивно реагирање на ограничувањата, сепак ќе успеете да направите чекор напред во професионалната, односно емоционална сфера на интерес. Не се оптоварувајте со ставовите на другите, туку храбро итајте кон зацртаното. Во љубовта прифатете го предизвикот.
Риби (19.2-20.3)
Стагнацијата, внатрешниот страв и наметнатите ограничувања ќе успеете да ги сведете на минимум, поради што се очекува подобрување, како во работата, така и во љубовта. Најважно е што ќе успеете многу поспонтано да ги развивате своите потенцијали и што ќе се извлечете од психофизичката криза. Овој период е добар за патување.
д-р Зоран Крстевски
едукатор, мотиватор и тренер за личен развој