Месечен хороскоп за септември- октомври 2024

Месечен хороскоп за септември- октомври 2024

Близнаците ќе бидат активни, Девиците отворени за љубов

Овен (21.3-19.4)

Овните фокусот треба да го стават на патувања, вложување во своето знаење и во емоционално ослободување од сé што го заробува нивниот дух. Меланхоличните изблици, стравот од напуштање и личната несигурност ќе ги сведат на минимум само ако престанат себеси да се доживуваат за жртва на околностите од минатото.

Бик (20.4-20.5)

Биковите се ослободија од присуството на Марс во нивниот зодијачки знак, така што ќе можат да отворат нови перспективи на професионален и емоционален план. Успехот нема да ги заобиколи, посебно ако работат трпеливо, промислено и упорно на остварувањето на своите потенцијали. Треба да внимаваат на здравствено поле.

Близнаци (21.5-20.6)

Близнаците ќе продолжат да бидат активни, отворени и љубопитни. За да бидат во мир со самите себе се препорачува да ги избегнуваат лицата кои постојано се жалат и шират негативна енергија и да се насочат кон единките кои позитивно влијаат врз нивната личност.

Рак (21.6-22.7)

Родените во знакот Рак ќе се соочат со големи тешкотии и недоразбирања со постоечкиот партнер, така што треба да внимаваат на односите и да најдат решение за наталожените проблеми. Добро е да го смират својот дух со слушање релаксирачка музика, прошетки во природа и посети на културни манифестации.

Лав (23.7-22.8)

Лавовите ќе бидат позитивно инспирирани и со можност да создадат хармонични предуслови за напредување во сите домени од животот. Преземањето одговорност, јасното определување на целите, патувањата и промените се нештата кои треба да ги иницираат во наредниот период.

Девица (23.8-22.9)

Влијанието на Сонцето на родените во знакот на Девица ќе им донесе нови ситуации во доменот на љубовта и можност конечно да завршат со лицата и односите што ја преоптоваруваа нивната личност. Слободните Девици треба да се насочат кон љубовта и да се отворат за емоционална врска со лице кое максимално ќе ги освои со својата необична енергија.

Вага (23.9-22.10)

Терезиите може да имаат проблеми поврзани со недвижности и недоразбирања во односите со блиските. Треба да внимаваат на својата психофизичка состојба и да нé преземаат активности со кои ќе се доведат во непријатна ситуација. Фокусот кон сопствените вредности и избегнувањето ризици треба да им бидат главен приоритет во наредниот период.

Скорпија (23.10-21.11)

Скорпиите ќе треба да направат коренити промени во својот живот и да ги утврдат приоритетите бидејќи транзитот на Марс може да им донесе големи искушенија, неизвесност и ограничувања. Мудрото постапување и соочувањето со нештата кои долг период им создаваа внатрешен немир и стагнација треба да бидат клучен аспект за излез од кризата.

Стрелец (22.10-21.11)

Родените во знакот на Стрелец ќе се соочат со голема емоционална криза и ќе имаат проблеми во односите со другите луѓе. Им се препорачува добро да размислат за грешките од минатото, да почнат да работат на хармонизирање на личноста и да ја преземат одговорноста за нештата што им се случуваат во животот.

Јарец (22.12-19.1)

Јарците ќе треба да внимаваат на односите со јавноста, да ги преиспитаат своите планови и да не влегуваат во тимска работа со лица кои манифестираат неодговорност, себичност и нестабилност. Фокусот кон сопствените вредности треба да им биде приоритет, како и избегнувањето ризични активности на финансиски план.

Водолија (20.1-18.2)

Водолиите треба да бидат дисциплинирани, умерени и фокусирани на позитивните вредности, зашто непромислените потези може скапо да ги чинат во наредниот период. Од друга страна, со мудро дејствување и со утврдување на приоритетите може да создадат одлични перспективи за напредување и реализирање на целите.

Риби (19.2-20.3)

Рибите ќе бидат спонтани, опуштени и полни со креативна енергија. Ослободувањето од напнатоста и дистанцата од лицата кои енергетски ги исцрпуваа ќе им донесе поубави моменти во љубовта и напредок во работата. Единствено треба да внимаваат во сообраќајот и на ризични активности поврзани со документи и договори.

 

д-р Зоран Крстевски
едукатор, мотиватор и тренер за личен развој