Секогаш е добрто разговорите во вашата глава да ги чуе некој друг
Имате желба да поразговарате за она што ве мачи на работа, дома, со пријателите? Но, во моментот кога ќе отворите уста, илјадници мисли се натпреваруваат која прва да излезе на виделина и тогаш сте уште позбркани?
Одеднаш се губи смисла и одлучувате да молчите, бидејќи верувате дека што и да кажете, ништо нема да се промени. Но, не е така! Едноставно дошло време да поразговарате со некој надвор од вашиот круг на блиски луѓе. Терапијата со психолог или психијатар е одлична професионална здравствена помош за подобрување на менталното здравје.
Дали ви е потребна терапија?
„Не мора секогаш да постои конкретен проблем за да побарате терапија. На некои луѓе, терапијата едноставно им помага да развијат позитивна слика за себе, како некој вид животен тренинг“, појаснува д-р Карина Ериксен, психолог советник. Менталноото здравје треба да ви биде приоритет, па ако кај себе пронајдете која било од следниве состојби, воопшто не е страшно, туку нужно и пожелно, да побарате стручна помош.
Да, ако не можете да се справите со секојдневието – „Намалените способности за секојдневно функционирање може да кријат серија психолошки тешкотии“, вели д-р Ериксен. „Можеби сте депримирани и ви недостасува мотивација, а можеби сте по малку нервозни и рутинските обврски ви се чинат огромни. Земањето лекарства на своја рака може да претставува начин на барање тивок излез од тешка ситуација.“
Да, ако имате потешкотии да се фокусирате – Ослабената концетрација е чест симптом на депресија. „И други проблеми како анксиозноста, наметливоста или опсесивните мисли можат да предизвикуваат нарушен фокус,“ објаснува Ериксен.
Да, ако не наоѓате задоволство во ништо – Губењето интерес за активности кои претходно ви претставуввале задоволство или неможноста да се чувствувате генерално среќни како порано, се загрижувачки знаци на депресија и анксиозност.
Да, ако губите контрола на сопствениот темперамент – Во коренот на проблемот ќе ги најдете стресот, депресијата или анксиозноста.
Да, ако тешко се справувате со промени – „Ако се обидувате да внесете позитивни промени во животот, па почнувате да се храните, да ги прекинете контактите со личноста што ви ја црпи позитивната енергија, но никако не можете да издржите докрај, посетете професионалец. Разговорот со струпчно лице ќе ви помогне постепено да се навикнувате на промените и да си го смените животот на подобро“, вели Ериксен.
Пронајдете го вистинскиот терапевт
Првата врата на која треба да тропнете штом се соочите со проблем со менталното здравје, е онаа на вашиот матичен лекар. Тука ќе добиете насока каде треба да се обратите за понатамошно средување на состојбата.Многу е важно кај кој доктор ќе се обратите. Прочитајте за неговото искуство и квалификации. Ако се одлучите за психолог, побарајте лиценциран од страна на Комора на психолози.
4 видови терапии и тематиките кои ги опфаќаат
Когнитивно-бихевиорална терапија – Се применува кога проблемот е повеќе од јасен. КБТ прави увид во начинот на размислување и однесување на човекот и како истите му создаваат потешкотии. Исто така, работи на тоа да се скршат конкретните шаблони на однесување и размислување кои водат до проблемот. Ова е доста практична терапија, со неа се настојува фокусирање на одредени цели кои сакаме да ги постигнеме и специфични проблематики кои треба да се разглобат и на нив активно да се работи, често и преку задавање домашни задачи. Особено се препорачува кај случаи на депресија и анксиозност, но може да помогне и при панични напади, нарушувања во исхраната и фобии.
Психоаналитичка терапија – Освен што се користи за лекување анксиозност или депресија, мотодот на психоанализа може да биде од помош и за луѓето кои имаат чувство дека ја изгубиле смислата за живот и за оние кои покажуваат опсесивно однесување. Корените на оваа терапија ќе ги барате во Фјордовата психоанализа, така што тука се очекува подлабока соработка со терапеди која настанал проблемот. Накусо, се бара влијанието на миниатите искуства врз формирање на сегашните. Психоаналитичката терапија ги истражува и врските со другите луѓе околу нас, со цел да разбереме како комуницираме со светот. Бидејќи темелно ги истражува подробностите на личноста, знае да биде многу корисна кај покомплексните случаи.
Советување – Секогаш кога се соочувате со тежок период, пожелно е да се советувате, но советувањето со родителите или пријателите не се важи. Советувањето е една од најчестите и најефикасни форми на терапија, особено за лечење анксиозност и блага депресија. Советувањето може да ви помогне да се справите со тешки животни ситуации, како развод. Позитивната страна е што ќе имате кој да ве ислуша, без притоа да ви суди или да зборува пристрасно.
Групна терапија – Да, тоа повторно вклучува работа со терапевт, но во група, што за некои луѓе е многу поудобно отколку средбите еден на еден. Не само за депресија и анксиозност, групните терапии се одлични и за луѓе со конкретни специфични проблеми, како на пример зависности. Бидејќи групите се вообичаено формирани врз база на слични проблематики меѓу членовите, се јавува поголемо чувство на припаѓање, разбирање и поддршка.
Многу е важно да се поврзете со стручното лице, така полесно ќе можете да ги споделите своите најинтимни мисли и чувства.
Ако не се чувствувате сигурни, ако се сомневате во пристапот и едноставно имате недоверба во текот на средбите, подобро побарајте помош кај некој друг.
Првата средба кажува многу, потпрете се на својот инстинкт и убаво размислете дали сте комфорни да ги споделувате деталите од својот живот пред личноста која е спремна да ве слуша.
Важно е да запомните дека терапевтите немаат некој чудотворен трик со кој ќе ви помогнат, лекот е во вас и во вашата волја и истрајност терапијата да биде успешна.
Погрешен е концептот дека со самото доаѓање на терапијата ќе добиете совети за важни животни избори. Секој човек е најдобар експерт за сопствениот живот. Работата на терапевтот е да ви помогне полесно да дојдете до решенијата кои се некаде скриени во вашата глава.
Уште поважно е да го процените вистинското време кога треба да појдете на терапија, а не да посетувате сесии затоа што некој ви рекол дека треба.