Ако на нешто можете да сметате за празниците, тоа е дека не можете да сметате на ништо – нa вообичаениот тренинг, на диеталниот режим или времето резервирано за дремка пред телевизор. Ваквото нарушување на секојдневието обично води до зголемување на телесната тежина. За да не ви се случи истото и овојпат, преземете ги следните мудри потези:
ЗАБОРАВЕТЕ НА САЛАТА ЗА ВЕЖБАЊЕ
Не залажувајте се, кога нема да ја посетите за време на празниците. Па дури и да соберете сила, голема е веројатноста дека фитнес центарот нема да работи. Наместо тоа фокусирајте се да пешачите, со 12 000 чекори дневно сте сосемa безбедни од калориите. Не одете со автомобил до продавница, користете ги скалите место лифтот и пратикувајте да одите со брзо темпо.
ВНИМАВАЈТЕ НА ИСХРАНАТА
(ПОГОЛЕМИОТ ДЕЛ ОД ВРЕМЕТО)
„Десертите и алкохолот се неизбежни, затоа присвојте го 70-30 правилото: Хранете се здраво 70 проценти од времето, на пример во деновите кога сте дома, а во остатокот од времето (30 %) правете што сакате. И навистина уживајте во тие 30 проценти слобода! Не потресувајте се поради тоа што сте изеле две парчиња торта или сте претерале со алкохолот. Животот треба да се слави!
ИЗБЕГНУВАЈТЕ ХРАНА НА БОЦКАЊЕ
Забрането ви е сѐ што се јаде со прсти и сѐ што е забодено на чепкалка. Избегнувајќи ја храната што се јаде со прсти како чипс, кикирики, мини пита, кашкавал замотан во сланина и многу други мезиња, ќе се поштедите од илјадници калории дневно. Плус, консумирањето јадење што подразбира употреба на нож и виљушка ќе ви помогне да забавите.
СПИЈТЕ 8 ЧАСА СЕКОГАШ КОГА МОЖЕТЕ
Спиењето е поважно од посетата на салата за вежбање, сериозно! Студијата на клиниката „Мајо“ откри дека скратувањето на сонот за час и половина од вообичаено, предизвикува хормонски промени (и глад) кои ги поттикнуваат луѓето дневно да внесуваат 549 калории повеќе за разлика од групата одморени луѓе. Ова луѓе значи дека за една недела можете да се здебелите за повеќе од еден килограм само поради недостиг на сон.
ПИЈТЕ ПОВЕЌЕ ВОДА
Сите оние забави и алкохолни пијалаци водат до дехидратација. Затоа, помножете ја својата тежина со 30 и пресметајте ја дневната количина вода што ви е потребна. Па ако своите 60 килограми ги помножите со 30 ќе добиете 1 литар и 8 милилитри вода или околу 8 чаши вода што се сосема доволни за да ја одржите работата на метаболизмот до јануари.