Палачинки со тиква

Палачинки со тиква

Потребни состојки: 

  • 150г овесни снегулки
  • 130г несолена урда
  • 4 јајца
  • 130г печена тиква
  • 1 лажица мед
  • 1 лажичка цимет
  • 2 лажички прашок за печиво
  • 5-6 ореви
  • 4-5 лажици млеко или повеќе по потреба

Подготовка:

Ставете ги состојките во блендер за да ја подготвите смесата за палачинки. Бидете внимателни со млекото, смесата треба да е погуста. Во случај тестото да е тенко, додајте овесни снегулки или јатки.

Млекото можете да го замените со вода. Загрејте нелепливо тавче на средна температура и премачкајте го со малку масло. Гответе ги палачинките од двете страни по 2-3 минути на секоја страна или водете се според убавата златна боја. Послужете ги палачинките со мед, путер од кикирики, грчки јогурт, банана или каков било додаток по желба.