Подмладување

Подмладување

Што делува, а што не?!

Првите знаци на стареење доаѓаат без предупредување, кај некои жени порано, кај некои подоцна. Но, неизбежни се! Навременото негување и девоното потхранување на кожата го ублажува ударот што и го задаават годините.

Но, поголемиот број жени запаѓаат во замката на импулсивно купување голем број козметички производи, кои ги трошат за рекордно брзо време, без да забележат подобрување.

Инвестирајте паметно, наменете го буџетот за нешто концетрирано како серум или витаминска ноќна крема и бидете трпеливи. Ако употребувате премногу производи во големи количини, ризикувате да ја иритирате и пресушите кожата, а тоа само ќе го забрза стареењето.

Во продолжение, уште неколку грешки што најчесто ги правиме:

За кафени флеки по лицето

Делува: СПФ и Витамин Ц

Не делува: Крем за избелување

Кафените флеки по површината на носот или образите се типични сончеви штети поттикнати од УВ зраците. Проблемот нема да го решите со крем за избелување, бидејќи тие (особено они што содржат хидрохинон) го влошуваат проблемот со дисколорациите. Наместо тоа, користете крем за сончање (најмалку СПФ30) и комбинирајте го со антиоксиданти како витамин Ц- серум или крем.

За проширени пори

Делува: Пилинг со салицилна киселина

Не делува: Тоник за лице

Покрај гените, проширените пори се должат и на природното намалување на колагенот во кожата. иако не постои производ кој може трајно да ги стесни порите, редовно длабинско чистење и тоа како влијае тие да изгледаат помали. Кога порите се полни со нечистотии тие се далеку повидливи! Тоникот за чистење лице нема моќ да ги отстрани заглавените нечистотии во порите, како што тоа го може сунѓерчето за пилинг во комбинација со салицилна киселина.

За фини линии околу очите

Делува: Серум со пептиди

Не делува: Густ крем за околу очи

Кожата околу очите е тенка и се соочува со многу пулсирања кога се лутиме или се смееме, па затоа тука се појавуваат првите знаци на стареење во облик на фини линии. Пред да посегнете по специјализирана формула за околу очи, обидете се со пептиден серум кој е далеку помоќен за измазнување на ова ударна регија. Пептидите делуваат така што на некој начин ги лажат клетките дека дошло до оштетување, па тие почнуваат да продуцираат повеќе колаген. Пептидниот серум е корисен и за помладата кожа, особено што брзо се впива и го контролира нивото на серум.

За сува кожа

Делува: Хијалуронска киселина

Не делува: Серум против стареење

Како старее, кожата продуцира помалку масло (ќе забележите пад на природната влага околу 35-тата), но безживотната и висната кожа во 30-тите и 40-тите најчесто се должи на стрес или иритација од производите што ги користиме. Некои луѓе ненамерно ја пресушуваат кожата со прекумерно користење ретинол или производи на база на киселина. Сведете ја употребата на ваквите производи против стареење на минимум, барем додека кожата се прилагоди. Исто така внимавајте на интензивните пилинзи, тие можат да ја поттикнат дехидрацијата ако ги користите повеќе од два пати неделно.

Проблемот со сувата кожа најбезболно се решава со серум или хидратантен крем со хијалуронска киселина. Хијалуронската киселина има неверојатен капацитет да врзува вода, па за поголеми ефекти, нанесувајте серум со хијалурон на влажно лице.