Обидете се да ги темпирате оброците за да не ви кркорат цревата предвреме
ПОЈАДОК
Консумирајте го појадокот 30 минути откако ќе станете од кревет за да го надополните нивото на шеќер во крвта. На пример, житарките содржат витамин Б кој дава енергија, го буди и го активира мозокот за работа. Но, бидете претпазливи, не купувајте житарки што изобилуваат со шеќер и не засладувајте ги дополнително. Подеднакво здрава опција е омлет и тост лепче – протеините ќе ве држат сити цел ден.
УТРИНСКА УЖИНА
За лесно да го започнете утрото и да ја поднесете работната недела, каснете парче овошје. Бананите изобилуваат со енергетски калиум, додека јаболката и дињата ќе ве обезбедат со влакна и минерали без значително да го зголемите бројот на калории. Доколку мечтаете за освежување со некое поегзотично овошје, каснете киви или папаја – не само што се богати со витамини, туку го подобруваат варењето на храната.
РУЧЕК
Најчесто телото е подготвено за ручек 4 часа после консумирањето на појадокот, но за да не паднете во кома и да ви се приспие на работа, ви треба нешто свежо, лесно, посно. Обидете се со печен компир со туна и пченка или пилешка салата. Ваквиот оброк содржи минерали, како железо, кои ќе ви помогнат да ја задржите концентрацијата.
ПОПЛАДНЕВНА УЖИНА
После ручек најчесто имаме потреба за нешто благо. Но, подобро е да каснете нутритивен десерт на база на житарки за да ја потиснете желбата. На пример, наместо да јадете чоколада, каснете овошен јогурт кој изобилува со калциум, а тоа истовремено значи енергија. Нека биде со ниска масленост, но не и со низок шеќер (внимавајте производот да не содржи вештачки засладувачи).
ВЕЧЕРА
Потрудете се да вечерате три часа после попладневната ужина, одете на варијанта храна што изобилува со вода како зеленчук, а тука се вбројуваат и тестенините и супите. За да внесете протеини и јаглехидрати, каснете бистра супа со зеленчук со парче леб или порција ориз со месо зачинето со кари.
ДОЦНА УЖИНА
Ако сте расположени за мала закуска пред легнување, барем потрудете се да јадете лесно сварлива храна. Млечните напивки го смируваат гладот во стомакот, го олеснуваат спиењето и истовремено му обезбедуваат на организмот хранливи материи како витамин Б12. Но, ако грчевите за храна не стивнуваат, каснете парче интегрален леб со павлака или банана.