Предолгото седење никому не носи добро, ниту на младите, ниту на старите.
Но, се чини дека постарите генерации посериозно ја сфаќаат препораката да се движат, па дали до пазар, дали во градината. Во текот на денот наоѓаат начин да ги загреат коските. Што не е случај со младите кои седат повеќе од осум часа во текот на денот. Пред 100 години, само 10% од професиите се извршувале со седење. Денес тој процент стаса дури 90%.
Седењето е новата норма по која живее поголемиот дел од популацијата, а тоа е опасно!. Интересно е тоа што најдолговечните луѓе во светот имаат навика да пешачат секој ден. Само две здрави нозе и силна волја да бидете активни после работа, се доволни за да си го продолжите животот.
Ако одберете само да седите, тогаш ризикувате да ја покачите телесната тежина, да ги покачите крвниот притисок, нивото на шеќер во крвта и холестеролот, да наталожите вишок масти околу половината, па дури и да заболите од рак. Во однос на почениот ризик од дијабетес, лекарите велат дека проблемот не е во тоа што при седење се согоруваат помалку калории, туку седењето само по себе го зголемува ризикот. Лекарите претпоставуваат дека седењето го менува начинот на кој телото реагира на инсулинот, хормонот што помага да се согорат шеќерот и јаглехидратите за енергија.
Секое продолжено седење – како на бирото, зад волан, пред екран, на кревет – може да биде штетно. Но, на листата најзагрозени предничат:
Срцето
Анализата на две групи со сличен начин на живот и исхрана – транзитни возачи кои седат поголемиот дел од денот, и кондуктери кои повеќе се во движење – покажала дека возачите имаат двапати поголеми шанси да добијат срцево заболување.
Мозокот
Мозокот на луѓето кои седат предолго изгледа многу слично на мозокот на луѓето кои боледуваат од деменција. Движењето во текот на денот може да помогне дури и повеќе од вежбањето за да се намали ризикот од мозочно оштетување.
Вените
При подолго седење крвта се собира во нозете. но, ова создава дополнителен притисок на вените. Тие може да отечат, да се искриват или да се испакнат, па дури и да се преплетат како пајакова мрежа. Проширените вени поттикнуваат непријатно чувство и болка.
Коските
Повозрасните лица кои воопшто не се активни ризикуваат да си ги ослабат коските и да добијат остеопороза, болест што ќе ве спречи да ги обавувате основните задачи од секојдневниот живот. Не мора да трчате маратон или да се занимавате со земјоделство за да останете мобилни во вашите златни години. Но, никако не дозволувајте да заседувате на каучот со часови.
Седењето е штетно колку пушењето
Истражувачите анализирале 13 студии за времето на седење и нивото на активност. Тие откриле дека они кои седат повеќе од осум часа на ден без физичка активност, го ризикуваат својот живот подеднакво како пушачите или оние со вишок килограми. Во оваа анализа на податоци во која биле вклучени повеќе од 1 милион луѓе, покажа дека 60 до 75 минути физичка активност со умерен интензитет во текот на денот, е доволно за да се анулираат последиците од прекумерното седење.
За луѓето кои се најактивни, времето на седење речиси и да не го зголемува ризикот од смрт. Помалку седење и повеќе движење придонесуваат за подобро здравје. Затоа, секогаш кога можете едноставно стојте наместо да седите. Или најдете начин да пешачите додека работите. На пример:
- Правете пауза од седење на секои 30 минути.
- Стојте или шетајте се низ канцеларија додека зборувате на телефон
- Секогаш кога можете, состаноците изведувајте ги на отворено, на прошетка.
- Користете ја паузата за прошетка во околина или за истегнување.
Секое движење се брои!
Дури и кога е лежерно, има силен ефект за здравјето.