Салицилна киселина

Салицилна киселина

Што треба да знаете за оваа моќна состојка за нега на кожата?

Во оваа статија ќе се запознаете со основите на салицилната киселина, нејзините предности, како таа може да помогне во третирањето на кожните состојби и како правилно да ја комбинирате со други состојки во вашата рутина за нега на кожата.

Што е салицилна киселина?

Салицилната киселина е бета-хидроксилна киселина (BHA) која се користи во козметичките и дерматолошките производи заради своите моќни антивоспалителни и антибактериски својства. Нејзиното главно својство е способноста да ги пробие затнатите пори и да ги исчисти од вишокот маснотии, нечистотија и мртви клетки. Ова ја прави идеална за третирање на акни, но исто така има и други бројни примени.

Колкава концентрација треба да купите?

Кога купувате производ со салицилна киселина, концентрацијата што треба да ја барате зависи од тоа што сакате да третирате. Повеќето производи за акни содржат салицилна киселина во опсег од 0.5 до 2 проценти. 1 до 2 проценти е вообичаено за производи кои служат за таргетиран салонски третман. За одржување на беспрекорна чистота на кожата без иритација, сосема е доволна концентрација од 0.5 до 1 процент. Во медицинските шампони и кремови што лечат псоријаза и првут, поверојатно да ја најдете салицилната киселина во поголема концентрација, како што е 3 проценти.

Бенефити на салицилната киселина
  • Салицилната киселина има бројни предности за кожата. Некаде се користи како главна состојка за лекување на акни, но таа е ефикасна и за други проблеми со кожата.
  • Лекување на акни: Веројатно една од најпознатите придобивки на салицилната киселина. Таа ги распаѓа себумот, мртвите клетки и маслото што се комбинираат во слуз која ги затнува порите и поттикнува комедони со бел врв или митесери.
  • Обновување на кожата: Салицилната киселина ја стимулира обновата на клетките на кожата и така ја подобрува текстурата на самата кожа.
  • Смирување на воспаленија: Како природен антиинфламатор, таа помага во намалување на црвенилото, иритацијата и отокот поврзан со акните.
  • Намалување на порите: Салицилната киселина помага да се ослободат порите од нечистотијата и вишокот на себум, што го спречува нивното проширување.
  • Контролирање на вишокот масло и себум: Бидејќи е состојка која се раствора во масло, таа лесно може да ги регулира маслото и себумот на кожата и на скалпот, па на тој начин да спречи појава на акни и првут.
Дали може да се користи за третирање темни флеки?

Да, може да биде ефективна во третманот на темни флеки, иако тоа не е нејзината главна функција. Таа делува како пилинг, отстранувајќи мртви клетки од кожата и поттикнувајќи нов раст на клетки. Ова може да помогне во избелување на темни флеки, посебно оние што се резултат на воспаленија или акни. Но, не е толку моќна да ги избели и флеките поттикнати од сонце (хиперпигментација).

Како се користи салицилната киселина?

Салицилната киселина обично се користи во форма на кремови, серуми или тоници, и во зависност од концентрацијата може да се користи секојдневно или неколкупати неделно. Еве неколку важни совети за нејзино користење:

  1. Чистење на лицето: Почнете со темелно чистење на лицето со благ гел за чистење. Потоа, нанесете тоник или серум што содржи салицилна киселина, користејќи памук.
  2. Примена на влажна кожа: За подобро апсорбирање, нанесете салицилна киселина на малку влажна кожа.
  3. Тестирање пред првата употреба: Ако првпат користите салицилна киселина, направете тест за чувствителност на мала површина од кожата за да проверите дали постои алергиска реакција.
  4. Секојдневна употреба: Препорачливо е да не користите производи со салицилна киселина повеќе од еднаш или двапати на ден за да избегнете иритација.
Забранети и дозволени состојки за комбинирање

Треба да избегнувате комбинирање на салицилната киселина со состојки како ретиноиди, бидејќи тоа води до иритација. Тоа важи и за AHA-киселините како гликолна и млечна киселина, бидејќи нивната заедничка употреба може да доведе до прекумерно лупење и пукање на епидермисот.
Салицилната киселина генерално е безбедна за употреба во комбинација со состојки како хијалуронска киселина (затоа што е хидратантна состојка која помага да се ублажи сувоста што може да ја предизвика самата киселина) и ниацинамид (кој е познат по тоа што се справува со иритација и црвенило). На листата безбедни за комбинирање се и пептидите кои ја поддржуваат функцијата на кожната бариера.