Летото пред нивната последна година на факултет во Даблин, Френсис и нејзината најдобра пријателка Боби се запознаваат со импресивната писателка Мелиса. Сосема неочекувано, Френсис ќе се заљуби во сопругот на Мелиса, Ник, со кого ќе има афера. Френсис за првпат ќе се најде во прегратките на маж, ќе почне да се запознава себеси, но истовремено ќе се замотка во круг на лаги и начин на живот на кој не е навикната. Дали Френсис ќе успее да се сноси со последиците што ги предизвикува препуштајќи им се на емоциите за мажот кој по седми пат ја изневерува сопругата?