Ако некогаш сте го прочитале романот „Човекот по име Уве“ на шведскиот писател Фредрик Бакман, тогаш треба да и дадете шанса на оваа филмска адаптација. Романот беше објавен на англиски јазик во 2013 година и стигна до листата на најпродавани на „Њујорк Тајмс“ 18 месеци по нејзиното објавување и остана на листата 42 недели.
Со Том Хенкс во главната улога, се очекува фимот да го следи истиот успех. По смртта на својата сопруга, Ото станува тмурен човек кој нема никаква волја за живот. Но, откако во неговото соседство ќе се досели едно симпатично семејство, неговиот живот ќе добие сосема неочекуван тек. Оваа топла семејна драма низ комични ситуации се обидува да пренесе силна порака дека животот носи убавини и после загубата на најблиските.