Овој анимиран бисер на легендарниот јапонски режисер Хајао Мијазаки раскажува нежна и симболична приказна за момче кое, по загубата на мајка си, се преселува во нов дом и запознава мистериозна чапја. Птицата го води во фантастичен свет полн со необични суштества, каде што животот и смртта, загубата и љубовта, се испреплетуваат во една визуелно раскошна авантура. Ова не е уште еден брз цртан филм со многу акција и хумор, туку тивко патување кое ќе ве потсети на вредноста на животот, семејството и прифаќањето на промените.
Што во слободно време? Погледнете анимиран филм, The boy and the Heron
