Ако сте љубители на трилер, возбуда и напнатост што ќе ве држат до самиот крај, тогаш овој предлог е за вас. По кусата расправија на пат за дома, Реј, Лили и нивната шестгодишна ќеркичка Пери застануваат на бензинска пумпа. Кратката пауза ќе се претвори во кошмар, малечката Пери завршува со фрактура на раката, па семејството е принудено да се упати во најблиската болница. Таму ги дочекува редица луѓе кои чекаат за преглед и избезумен персонал кој не знае кому попрво да помогне. Родителите на секаков можен начин се обидуваат да укажат на итноста од лекарски преглед и конечно се успокојуваат кога докторот ќе ги прими. Пери и мајка ѝ заминуваат да ги изведат неопходните снимки, додека Реј останува да чека во ходникот. Но, што ќе дочека? Неговата ќерка и сопруга мистериозно исчезнуваат.
Што во слободно време? Погледнете филм Fractured
