Двете дами со слично име делат и заедничка пасија, а тоа е готвењето. Џули Пауел е несреќна со својата работа и барајќи начин да го смени својот живот, одлучува да се насочи кон готвењето. Џули ќе се предизвика себеси да ги зготви сите рецепти од култниот готвач на легендарната Џулија Чајлд. За 364 дена, таа ќе треба да зготви 524 рецепти. Иако живееле и готвеле во две различни декади, страста што овие две жени ја споделуваат во однос на храната и вкусовите ќе донесе нова магија во француското готвење. Мерли Стрип и Ејми Адамс му даваат посебна топлина и шарм на ова несекојдневно филмско остварување кое се базира на вистинска приказна.