Ќерката на Лана, Ема, се враќа од Лондон и објавува дека ќе се мажи за само еден месец. Подготовките за свадба започнуваат веднаш, но работите стануваат покомплицирани кога Лана дознава дека човекот кој ѝ го украл срцето на Ема е син на човекот кој го скршил нејзиното пред многу години. Лана, ја толкува Брук Шилдс, целиот свој живот ќе го мине прашувајќи се зошто Вил, го толкува шармантниот Бенџамин Брат, одеднаш ќе ја остави. Дали конечно ќе го дознае одговорот, дали младичот во кого беше лудо заљубена за време на колеџ има шанси да стане човекот со кого ќе го помине остатокот од животот? Борбата со нерасчистените чувства и потиснатиот бес ќе станат закана за најважниот ден во животот на нејзината ќерка, но судбината повторно има некаков неочекуван план.