Што во слободно време? Погледнете филм, Nonnas

Што во слободно време? Погледнете филм, Nonnas

Кога животот ќе ти подари лимони, зошто да не направиш лимончело? Или уште подобро, да отвориш ресторан каде што готвачки се вистински италијански баби.

Таква е идејата на Џо Скаравела (го толкува Винс Вон) во оваа топла и емотивна комедија-драма. Во чест на неговата почината мајка, Џо решава да отвори италијански ресторан во чија кујна главниот збор ќе го имаат бабите од различни региони на Италија. Секоја од нив носи свои рецепти, приказни и темперамент, создавајќи мешавина од вкусови и емоции што го прават ресторанот нешто повеќе од обичен локал – тој станува дом.

Инспириран од вистинската приказна на Џо Скаравела, филмот е вистинска почит кон семејните вредности, традицијата и љубовта пренесена преку храната.