Филм што можеби ќе ви се допадне, можеби нема да ви се допадне воопшто, но едно е сигурно, неговиот крај ќе ве изненади. Главната улога ја толкува извонредната Кери Малиган. Откако во младоста ќе ја изгуби својата најдобра пријателка, жртва на сексуално насилство што ќе помине неказнето, Кејси ќе одлучи сама да ја спроведе правдата.
Во ноќите, маскирајќи се во сосема друга жена, таа ќе им одржи лекција на сите оние кои на каков било начин учествувале во сексуалното злосторство. И покрај остроумноста, сепак ќе биде совладана, но само накратко.