Годинава, Дизни ја претстави својата најнова адаптација на безвременската приказна за Снежана.
Филмот се оддалечува од стереотипите, прикажувајќи, магични суштества наместо класичните џуџиња, со цел да се избегнат потенцијалните навреди. Главната улога ја толкува Рејчел Зеглер, која ја претставува Снежана како храбра и одлучна хероина, додека Гал Гадот ја игра злобната кралица.
Филмот воведува нови елементи, вклучувајќи го ликот на Џонатан, бунтовник кој и помага на Снежана во нејзината мисија да го спаси кралството. Иако филмот се соочи со контроверзии околу кастингот и промените во приказната, критичарите ја пофалија изведбата на актерките и визуелната естетика на филмот.