Лора Блеклок, млада новинарка (ја толкува Кира Најтли), добива можност да замине на привидно совршено патување со луксузен брод со мал број патници. Но, раскошот бргу се претвора во мистерија кога Ло станува сведок на напад врз жена од соседната кабина 10 –жена која, според екипажот, воопшто не постои.
Додека официјалните списоци тврдат дека кабината е празна, Ло се соочува со сомнежи, тишина и опасност што ѝ демне зад грб. Решена да ја открие вистината, таа сфаќа дека некој на бродот ќе направи сè за таа вистина да остане во мрак.
