Што во слободно време? Погледнете серија, Thank you, next

Што во слободно време? Погледнете серија, Thank you, next

Доколку мислевте дека ги имате видено сите љубовни заплети, запознајте ја Лејла Таилан, амбициозна адвокатка од Истанбул, која по срцепарателно раскинување решава одново да најде љубов. Но, овојпат, по свои правила!

Во хит серијата на Netflix, љубовта не е ни бајка, ни трагедија, таа е хаотична, стилска и понекогаш комично болна. Лејла скокна од еден на друг љубовен фронт – од заводлив готвач, до мистериозен милијардер со комплицирано минато, а кога нејзиното поранешно момче се појавува со желба да ја врати, се станува уште поинтересно. Модерна, брза, емоционална и забавна, серијата наликува на „Сексот и градот“ среде Истанбул.