Биографската серија ја раскажува извонредната приказната за 20-годишната Миеп Гис – жената која го ризикувала животот за да помогне во криењето на Ана Франк и нејзиното семејство за време на нацистичката окупација. Кога нејзиниот шеф Ото Франк дошол кај неа и ја замолил да го скрие неговото семејство од нацистите за време на Втората светска војна, младата Холанѓанка не се двоумела. Следните 2 години, Миеп, нејзиниот сопруг Јан и другите помошници ги чувале осуммината души – Ото Франк, неговата сопруга Едит, ќерките Ана и Марго и уште четворица други. Серијата одлично прикажува низ што поминувала самата Миеп. Токму таа ќе го пронајде дневникот на Ана и ќе го чува безбедно, за подоцна Ото (единствениот од осуммнината преживеани) да го сподели со светот како еден од најмоќните извештаи за холокаустот.