Што во слободно време? The Bear, ТВ серија

Што во слободно време? The Bear, ТВ серија

Оваа драма комедија ја следи приказната на Карми, млад и талентиран шеф кој го напушта светот на луксузните ресторани за да ja преземе семејнaтa сендвичaра во Чикаго по трагичната смрт на неговиот брат.

Серијата маестрално ги прикажува стресот и динамиката што се случуваат во кујната, но и семејните врски, тагата и обидите за нов почеток. Со одлична актерска екипа и брзо темпо на настаните и разврските, оваа телевизиска серија е комбинација на силни емоции и енергична акција што ќе ве држат приковани за екранот.