Совети за убав сон

Совети за убав сон

Што да јадете, што да избегнувате?

Сонот носи здравје, свежина и убавина. Но, дали ќе спиете продуктивно зависи од животниот стил што го водите и храната што ја консумирате. Затоа ви подготвивме листа што е пожелно да ја следите секогаш кога сонот тешко ве совладува.

Храна што ве држи будни

Шеќер

Шеќерот и рафинираните јаглехидрати го поттикнуваат чувството на глад во вечерните часови и ве прават еуфорични во негативна смисла. Станувате нервозни и негативни, а таа состојба лесно го брка сонот.

Алкохол

Прекумерното консумирање алкохол ги троши резервите на Б витамини кои се директно поврзани со здравиот сон.

Тирамин

Оваа аминокиселина ја има во сланината, колбасите, сирењето, a поттикнува лачење на норепинерфрин кој го стимулира мозокот и го држи буден.

Капсаицин

Лутата храна, како чили пиперки или сос, содржи капсаицин, состојка за која истражувачите одамна потврдиле дека предизвикува несоница.

Кофеин

Избегнувајте не само обично кафе, туку и бескофеинско бидејќи има само 5 милиграми помалку кофеин, но избегнувајте и чаеви како зелен или црн и газирани пијалаци.

Теобромин

Оваа состојка што се среќава во какаото, а оттука и во чоколадата, е исто толку моќна како кофеинот. Благите се резервирани за напладне.

Храна од која ќе потонете во сон

Триптофан

Оваа аминокиселина го поттикнува лачењето на серотонинот, кој од своја страна ќе ги поттикне приспивните хормони.

Хром

Хромот во компирот, бадемите, оревите и другите јатки ќе ви помогне да одржите стабилно ниво на шеќер во крвта во текот на ноќта.

Магнезиум

Дефицитот на магнезиум предизвикува нервоза, анксиозност и води до несоница. Снабдете го организмот со овој есенцијален минерал преку консумација на бадеми или сусам.

Железо

Дефицитот на овој минерал може да предизвика немирен сон, често будење во текот на ноќта и голем умор во текот на денот.

Лактуариум

Оваа состојка е вистински природен седатив, а ја има во спанаќот, магдоносот и марулата.

Калциум

Истражувачите докажале дека луѓето со сиромашно ниво на калциум имаат проблем да западнат во длабоката РЕМ фаза на сонот (фаза во која двете очи синхронизирано се мрдаат).

Сон за долг живот

Луѓето кои редовно спијат 7,5 часа живеат подолго за разлика од оние кои спијат само половина час помалку или повеќе!
(Извор: Државниот Универзитет Портланд)

ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ЗА СОНОТ
  • 12 % од луѓето имаат црно-бели соништа. Пред да се појават телевизорите во боја, бројката изнесувала 75 %.
  • Ако заспивате за помалку од 5 минути, тогаш веројатно ќе останете без сон. Идеално време за заспивање е 10 минути.
  • Научно е докажано дека ги сонуваме исклучиво луѓето што сме ги виделе, случајно или не.
  • Човекот во просек се буди 6 пати во текот на ноќта.
  • Клинофобија е страв од спиење.
  • Светскиот рекорд во неспиење го постави 17-годишниот Ренди Гарднер во 1964-тата. Тој беше буден неверојатни 264 часа и 12 минути.