Што во слободно време? Погледнете анимиран филм, The Star

Што во слободно време? Погледнете анимиран филм, The Star

Интересен анимиран филм што ја раскажува приказната за Божиќ од една поинаква перспектива – преку очите на малото магаре по име Бо. Уморен од секојдневниот живот во воденицата, Бо сонува за голема авантура. Еден ден, тој успева да побегне и тргнува на патување кое ќе го одведе до најголемата приказна некогаш раскажана. На својот пат, Бо се здружува со Рут, симпатична овца, и Дејв, амбициозен гулаб со големи соништа. Tие стануваат случајни херои во неверојатната авантура што ја следи ѕвездата на Витлеем и сведочат на настанот што ќе го промени светот – раѓањето на Исус Христос.