16 практични совети што ќе ви заштедат време
Лимонот чисти се! Половинка од лимон на која ќе наросите сол или содабикарбона делува како магична крпа за отстранување масни дамки во кујната. Половина цеден лимон помешан со морска сол најдобро ја чисти даската за сечкање и плус го неутрализира непријатниот мирис. Земете половина лимон и протријте ги тврдокорните дамки од бигор на чешмите, па потоа тријте ги со четка. На дамките од `рѓа нанесете густа смеса, паста, направена од лимонов сок и сол. Оставете ја смесата да делува половина час и исплакнете.
Во кујната
- Како да не ви претечат макароните?
Легнете ја дрвената лажица вез тенџерето што врие за меурчињата да пукнат пред да се прелијат надвор. овој трик функционира без оглед што варите на шпорет, а ќе ве поштеди од бришење прелиена вода. - Како да го изладите виното за час?
Потопете неколку кујнски крпи и замотајте го виното пред да го ставите во ладилникот. Водените крпи побрзо ќе се заледат и ќе ја привлечат топлината од виното па тоа побрзо ќе се олади. - Како да ја соберете маснотијата од јадењето?
Поминете со коцка лед врз тепсијата и гледајте како маснотијата се лепи небаре поминувате со магнет. - Како да извадите парче лушпа од јајцата?
И на врвните домаќинки им се случува да им падне парченце од лушпите при кршење јајца. Но залудно се трудите со лажичка, бидејќи лушпата се лизга на металот. Обидете се со поголемата половина од лушпата. - Како да исчистите загорена тава без жица?
Изгорените наслаги од храната се вистински предизвик, особено ако во моментот немате жица за трињењ. Во тој случај послужете се со алуминиумска фолија, направете едно поголемо топче од фолијата и со помош на средство за садови измијте го садот.
Во пералната
- Отстранете маркер од облеката. Машината за перење не ги отстранува дамките од маркер, бидејќи маркерите и мастилните пенкала не се растворливи во вода. Но, се растворливи во алкохол, затоа шприцнете лак за коса врз дамката и гледајте како исчезнува пред вашите очи. Исперете го парчето облека и ќе изгледа како ново.
- Отстранете ги црните траги од патентираната кожа. Користете памучни блазници (од оние тркалезните за чистење лице) и отстранувач на лак за нокти што не содржи ацетон. Ако сакате да ја исчистите целата површина, пропрскајте ја со средство за чистење прозори и ќе ја светнете.
- Спречете електрицитет. По целата површина на платото поминете со метална закачалка. Металот ќе го собере вишокот незгодни електрони што предизвикуваат електрицитет.
- Закопчајте ја алката сами. Отворете една спојница (од оние за задржување хартија) и направете ченгел во форма на Ѕ. Протнете го ченгелот во окцето за да ја придржувате алката и со другата рака закопчајте ја.
- Освежете ги книгите. Често се случува старите книги да го сменат мирисот, особено ако се чуваат во просторија каде што има повисока влажност. За да не дојде до тоа, посипете малку бебешка пудра во книгата за да ја апсорбира влагата и да спречи создавање на мувла.
Сам свој мајстор
- Заковајте шајка без да се повредите. Наместо да ја држите шајката со палецот и показалецот, фатете ја со штипка и позиционирајте ја на ѕидот.
- Скријте го белегот на дрвениот мебел. Протријте го белегот со орев! Приордните масла на оревот ќе продрат до вдлабнатината, ќе ја исполнат и таа помалку ќе се познава.
- Исчистете го тушот од бигот. Одвртете ја главата од тушот и ставете ја преку ноќ да стои во сад полн со бел оцет. Следното утро измијте го под чешма и видете како ќе светне. Не можете да го одвртите тушот? Наполнете кесичка за замрзнување со бел оцет некаде до половина и потопете го тушот. Со помош на ласти кврзете го тушот и оставете го да делува.
- Проверете дали батеријата е празна. Фрлете ја батеријата, вертикално од мала височина на тврда површина. Ако се одби, тогаш е празна; ако тресне, тогаш се уште е полна (сето ова е поврзано со хемикалиите внатре).
- Инстант полнење на мобилниот. Ако треба да излезете, а батеријата на телефонот е при крај, вклучете ја опцијата airplane mode штом го приклучите на полнач. Со исклучување на безжичната мрежа, паметниот телефон ќе се наполни побрзо.