Само неколку капки од чудотворното масло се доволни за да постигнете беспрекорен тен, мазна кожа и здрава коса
Жените најчесто ги одбегнуваат производите на база на масло, бидејќи погрешно веруваат дека истите ќе им донесат поголем број компликации отколку бенефиции. Дилемите одат дотаму што повеќето од нас веруваат дека маслените производи се исклучиво наменети за оние со сува кожа. Но, маслата се интелигентни производи кои ја обезбедуваат кожата со активни состојки и креираат ефективна бариера од штетните надворешни влијанија.
Ако имате… СТРИИ
Користете: Арганово масло – содржи омега-6 незаситени масни киселини кои делуваат регенеративно на надворешните слоеви на кожата, спречувајќи ја нејзината дехидрација и губењето на еластичноста. Природниот витамин Е пројавува извонредна ефикасност во борбата со слободните радикали и превенира формирање стрии. Содржината на одредени фистостероли, исклучиво присутни во аргановото масло, ја гарантираат сјајноста и компактноста на кожата.
Избегнувајте: Масло од авокадо, бидејќи кожата тешко го поднесува, едвај се апсорбира и реално може да ги затвори порите и да оневозможи кожата да дише.
*Знајте го и ова: Аргановото масло е одлично за жените кои имаат масна кожа или кожа склона на акни – не му тежи на лицето, а го обезбедува со вода. Маслото од чајно дрво делува антибактериски и ги смирува активните лојни жлезди.
Ако имате… БРЧКИ
Користете: Барајте масла во чија формула доминираат моќни антиоксиданти или состојки против стареење како витамин А.
Избегнувајте: Кокосово масло. Не дека ќе предизвика штета, но премногу е тенко за да ја подобри текстурата на линиите и брчките.
Ако имате… ЧУВСТВИТЕЛНА КОЖА
Користете: Маслото во кое има инјектирано состојки за измазнување е како аспирин за кожата – тоа може да го стопира кругот на иритација. А опции има многу: пачули, камилица, лаванда, роза и сандалово дрво. Маслата што содржат есенцијални масни киселини, како масло од чиа семе, се исто така добра опција.
Избегнувајте: Рицинусово масло, бидејќи има тенденција да биде остро, а тоа е доволно за да се интензивира иритацијата и црвенилото кај чувствителната кожа.
Ако имате… УМОРНА КОЖА
Користете: За нерамномерниот тен и темните кругови околу очите најдобро решение се маслата на база на лимон или грејпфрут. Тие содржат природна форма на витамин Ц кој ја избелува кожата. Маслата споменати во делот кај чувствителна кожа се подеднакво ефикасни за темните дамки.
Избегнувајте: Масла со цимет, кинески цимет, пеперминт и каранфилче. Сите овие можат да ја иритираат кожата, а тоа ќе ја вложи состојбата со пигментацијата и видливите капилари.
Масло за коса
Кај штотуку измиената коса, маслото функционира како длабински регенератор. Држете се до козметичките формули (маслата за јадење не се рафинирани и содржат седименти што се тешки за косата, а лицето да не го ни споменуваме) и нанесете неколку капки од коренот кон врвовите. Ако имате кадрици, побарајте масло од јасмин. Маслото од семки од грозје е одлично за нормална коса. За тенка и кршлива коса повторно на сцена настапува аргановото масло во комбинација со сончогледово.