За косата да престане да белее

За косата да престане да белее

Ја обожавате својата сива коса во која се преплетуваат посветли прамени?!

Стравувате дека белењето нема да сопре тука?

Пред да побрзате да ја бојадисате косата, обидете се да ја сочувате бојата со овие приордни методи.

Кокосово масло

Секој втор ден, пред спиење, масирајте кокосово масло на косата и скалпот. Следното утро, измијте ја косата како и обично.

Ѓумбир

Секој ден јадете по една лажичка свеѓ рендан ѓумбир измешан со 1 лажица мед.

Црн Сусам

Два до трипати неделно јадете една лажица црн сусам за да го забавите белеењето на косата.

Кромид

Изблендирајте го кромидот во влендер, а потоа користете цедалка за да го исцедите сокот. Двапати неделно втријте го овој сок во скалпот, оставајќи го 30 минути и потоа измијте го со шампон како и обично.

Каталаза

Јадете храна богата со ензимот каталаза како лук, зелка, сладок компир, кељ, брокола, бадеми.

Бадемово масло

Измешајте еднакви дози бадемово масло, сок од лимон и сок од амла. Масирајте ја смесата во косата и скалпот. Следете ја оваа рутина двапати на ден во период од три месеци.

Рузмарин

Наполнете 1/3 тегла од 250 мл со сушен рузмарин, а потоа наполнете ја теглата до врвот со екстра девствено маслиново масло. Оставете ја теклата на сончево место четири до шест недели, протресувајќи ја на неколку дена. По шест недели, користете го како масло за коса.