5 митови поради кои погрешно се храниме

5 митови поради кои погрешно се храниме
Мит # 1 Оброкот изеден после 18:00 часот се претвора во масти

Калориите се калории без разлика кога се храниме и кога ќе ги внесете, но како паѓа мрак, метаболизмот забавува и токму затоа треба да му помогнете со полесна храна наместо да се изгладнувате. Тврдењето дека храната што ќе ја изедете навечер се претвора во масти, од причина што не можете да ја согорите со физичка активност, е невистинито. Многу поважно е да внимавате КОЛКУ и ШТО јадете, а не КОГА јадете.

Мит # 2 Прескокнувањето оброци значи помалку калории

Ако го намалите бројот на оброците, ќе го намалите бројот на калории и побрзо ќе ослабете, така? НЕ! Прескокнувањето на оброците носи ризик да се прејадете и ако преброите ќе видите дека сте внеле многу повеќе калории во текот на денот. Прескокнувањето на оброците, особено на појадокот, го забавува метаболизмот. Планирајте си, 1 200 калории секако мора да внесете. Хранливиот појадок е одличен старт за телото да почне да согорува калории. Значи не прескокнувајте ги оброците, туку намалете ги и направете ги поквалитетни.

Мит # 3 Производите со ниска масленост и без шеќер водат до намалување на тежината

Ако од некој производ се извадени мастите или шеќерот, тоа не значи дека се здрави и добредојдени за вашата диета. На пример, ако купите колачи во кои нема масти, сметајте дека сте внеле значителна доза јаглехидрати и шеќери кои се дуплирани со цел да лажираат добар вкус. Наместо да барате замени, јадете го она што навистина ви се јаде, но во помала доза.

Мит # 4 Јаткастите плодови се ризик за секоја диета

Вистина е дека јаткастите плодови (ореви, бадеми, лешници) се калорични и содржат многу масти, но тие масти се здрави и му се потребни на телото. Јаткастите плодови се богати со витамини, минерали и растителни влакна кои најмногу ја поттикнуваат дигестијата. Истражувањата не велат дека потполно треба да ги исклучите мастите кога сте на диета, напротив умерено количество здрави масти е неопходно. Од друга страна, 4-5 бадеми се доволни за да се заситите и да не посегнете по нешто погрешно како чипс.

Мит # 5 Оние што вежбаат може да јадат колку сакаат

Да, но ако вежбате по неколку часа дневно и успевате да ги согорите сите калории што ги внесовте. Ова е речиси невозможно, освен ако не сте професионален спортист па да ви е работа да го правите тоа. Вежбањето не е доволно за да го одржите телото во топ форма. Исхраната и спортот се најефикасни кога се во симбиоза.